Контакт

Спорт

Њу Орлеанс во победнички ритам

Објавено пред

Стршлените од Њу орлеанс во својата Арена ја продолжија победничката серија. Покрај осмата последователна победа овој пат успеаја да го совладаат водечкиот во Западната конференција Сан Антонио со 96:72.Спарси едноставно не личеа на себе на овој меч. Најефикасниот во Сан Антонио Тиаго Сплитер постигна само 11 кошеви, а единствен по него со двоцифрен број поени беше Тони Паркер со прескромни 10 кошеви. Со ваков учинок Сан Антонио не можеше да се надева на успех, посебно и поради лошата трета четвртина која што Стршлените ја добија со 31:10. Дејвид Вест и Маркус Торнторн постигнаа по 18 кошеви за Њу Орлеанс.Во останатите средби беа постигнати следните резултати:Шарлот – Атланта 87:103 (Ди Џеј Аугустин 20 п. 7 ас. / Џо Џонсон 32 п. 5 ск. 5 ас.).Вашингтон – Бостон 85:83 (Рашар Луис 18 п. 11 ск. / Кевин Гарнет 17 п.).Филаделфија – Јута 96:85 (Андре Игуадала 22 п. 5 ас. Луис Вилијамс 20 п. / Дерон Вилијамс 20 п. 14 ас. Ал Џеферсон 19 п. 13 ск.).Мајами – Торонто 120 – 103 (Леброн Џејмс 38 п. 11 ск. Мајк Милер 32 п. 10 ск. / Демар Дерозен 30 п. Андреа Барњани 28 п.).Детроит – Феникс 75:74 (Тајшаун Принс 17 п. 13 ск. / Стив Неш 14 п. 8 ас.).Оклахома – Њујорк 101:98 (Кевин Дурант 30 п. 12 ск. Расел Вестбрук 28 п. 5 ск. 5 ас. / Данило Гаљари 23 п. Амар Стедмаер 18 п. 12 ск.).Чикаго – Кливленд 92:79 (Дерик Роуз 24 п. 8 ас., Луол Денг 20 п. 12 ск., Карлос Бузер 20 п. 10 ск. / Антаун Џејмисон 31 п. 11 ск. 5 ас., Џеј Џеј Хиксон 13 п. 20 ск.).Хјустон – Орландо 104:118 (Чејс Бадинџер 19 п. 5 ск. Луис Скола 15 п. 9 ск. / Двајт Хауард 22 п. 14 ск., Хидает Туркоглу 21 п. 5 ас.).Милвоки – Мемфис 81:94 (Ерл Бојкинс 23 п. / Марк Гасол 24 п. 16 ск. Зек Рендолф 16 п. 11 ск.).Портланд – Индијана 97:92 (Ламаркус Алдриџ 25 п. 12 ск. Николас Батум 23 п. / Дени Гренџер 24 п. 5 ск. Рој Хиберт 11 п. 10 ск.).Л.А. Клиперс – Голден Стејт 113:109 (Блејк Грифин 30 п. 18 ск. Ерик Гордон 23 п./ Стифен кари 32 п. 8 ас., Дејвид Ли 16 п. 15 ск.). /крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шпанскиот печат едногласен: Барса доживеа историско понижување

Објавено пред

По вчерашната зачудувачка 8:2 победа на Баерн Минхен над Барселона, шпанскиот печат, нормално, беше брутален кон каталонскиот клуб, опишувајќи го резултатот како срамота и историско понижување на славниот клуб, но и на шпанскиот фудбал, кој по 12 години нема полуфиналист во Лигата на шампионите.

Сега, се очекува отказ за тренерот Кике Сетиен, но и многу потреси во каталонскиот тим со низа заминувања од клубот. И вообичаено наклонетите кон Барса, „Спорт“ и „Мундо депортиво“ немаа милост.

„Срамота“, стои на насловната на мадридска „Марка“, додека на „Ел Мундо“ го има Жерард Пике и насловот „Крај на еден срамен циклус“. „Спорт“ и „АС“ пак се решаваат за идентичен наслов: „Историско понижување“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дивац ги напушта Сакраменто Кингс

Објавено пред

По пет години, Владе Дивац си даде оставка од позицијата генерален менаџер и потпретседател за кошаркарски операции на Сакраменто кингс, еден ден откако неговиот тим не успеа да обезбеди место во плејофот во НБА лигата.

„Ова беше тешка одлука, но веруваме дека е вистински пат за нас за да изградиме победнички тим. Му благодариме на Владе за лидерството, посветеноста и напорната работа и тој секогаш останува дел од нашето семејство“, вели сопственикот на Кингс, Вивек Ранадиве.

Дивац ќе биде привремено заменет од Џо Думарс, кој ќе учествува во потрагата на постојан генерален менаџер. Думарс, кој беше кошаркар на Детроит пистонс во кариерата, работеше како своетник со Кингс од 2019 година. Се верува дека и работата на тренерот Лук Волтон е неигурно по 31-41 скорот оваа сезона.

„Беше чест и привилегија да се биде генерлаен менаџер на Кингс. Сакам да се заблагодарам за шансата на Вивек и да се заблагодарам на сите колги кои ги имав во тимот“, вели Дивац.

Во текот на владеењето на Дивац, Кингс ги избраа Марвин Бегли, Де’Арон Фокс, Зек Колинс и Маркис Крис во првата рунда на НБА драфтот, но во 2018 година не го избраа Лука Дончиќ како втор пик, земајќи го Бегли, што се смета за најголема грешка на Дивац.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сетиен: Ваквите порази болат!

Објавено пред

Прашање е дали тренерот на Барселона, Кике Сетиен по денешниот кошмарен ден за сите навивачи за каталонскиот клуб (пораз на Барса со 8-2 од Баерн) утрото ќе го дочека како предводник на Барса. Тој вечерва по мечот призна дека Баерн заслужил да победи.

„Ова е навистина болен пораз. Мислам дека е изразен со преголема разлика, иако тие заслужија да ги постигнат најголемиот дел од головите. Не надиграа целосно во одредени моменти, а тие беа многу ефикасни. Имавме добар почеток, но тие покажаа дека поседуваат квалитет. Во моментов не би сакал да коментирам повеќе, јасно е дека постои голема фрустрација по ваквата елиминација, па сега ни останува да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Барса е навистина голем клуб и ваквите порази болат, Треба да се направи добра анализа, и клубот да донесе одлука. Овој понижувачки пораз прави штета и сигурно ќе има промени, но прерано е да се каже дали ќе продолжам или не“ рече Кике Сетиен по поразот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат...

Македонија47 минути

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија14 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија17 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија18 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија20 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ22 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ23 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија24 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет2 дена

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет2 дена

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа2 дена

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија2 дена

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија2 дена

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Досие