Домашен
Вардар триумфално мина низ Монпелје
Вардар со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во неделата во Монпелје, во првиот меч од Б групата, славеше со 30:25 (9:12). Арпад Шетрбик го предводеше Вардар со 17 одбрани, додека најефикасни во ‘црвено-црниот’ табор беа Македа и Дибиров со по шест голови.
Две различни полувремиња одигра Вардар против Монпелје, во првото мкедонскиот шампион играше безидејно и деконцентрирано во нападот и премногу ‘меко’ во одбраната. Промашувањата на Дибиров во нападот ги компензираше брилијантниот Штербик на голот и ефикасниот Македа.
Во второто полувреме одбраната 5-1 му донесе резултат на Вардар. Дибиров одлично ги читаше акциите на противникот, агресивната одбрана му овозможи на Вардар лесни погодоци од контранапад.
Монпелје одлично го отвори мечот, одличниот голман Жерад одбрани три топки и му овозможи на тимот да стигне до 6:2 во 12.минута.
Првите две третни од првиот дел целосно им припаднаа на голманите, и Жерард и Штербик имаше по шест интервенции.
Вардар малку се созеде по лошиот старт во 20.минута намали на 7:5 и предноста од два гола на семафорот домаќинот ја одржуваше до 26.минута кога преку Гајиќ и Гигу одново стигна до плус четири (11:7).
До полувремето Вардар успеа да надополни еден гол од предноста на Монпелје (12:9).
Промената на дефанзивната формација од 6-0 во 5-1 во првите шест минути на Вардар му овозможи серија од 5:1 и прво водство на мечот 13:14.
Дибиров профдолжи да диригира со играта во одбраната, успеа да украде неколку топки, од кои Вардар лесно постигнуваше голови. Македонскиот првак во 43.минута стигна до максимални пет гола предност 15:20.
Вториот тајм аут на Монпелје донесе и промена на играта во одбраната на францускиот тим, а која Вардар немаше одговор цели шест минути. Монпелје во 49.минута стигна на гол негатива (19:20), се до 55.минута го притискаше Вардар, но ‘црвено црните’ го издржаа притисокот и на крајот забележаа очекувана победа. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.