Контакт

Спорт

Македонија ќе биде домаќин на 30-то генерално собрание на ЕУРОСАФ

Објавено пред

Едриличарска федерација на Македонија, претставувана од претседателот Стефан Ставрев и генералниот секретар, Славчо Мососки на Редовното годишно собрание на Европската едриличарска федерација одржано овој викенд во Малта е избрана за домаќин на 30-то јубилејно Годишно собрание на „ЕУРОСАФ“, што ќе се одржи во април 2027 година.

Ова признание е потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, како и значаен чекор кон зголемување на институционалната поддршка и подигнување на едрењето на ниво на национален приоритет.

„Нашата цел е преку вакви меѓународни соработки да го поттикнеме интересот на државните и локалните власти за заедничко градење на Охридското Езеро како регионален центар за едрење“, се вели во соопштението на Едриличарската федерација на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чаби Алонсо ќе го преземе Челзи

Објавено пред

Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи.

По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо реши да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот напреднале далеку во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити.

Клупските челници сакаат што е можно поскоро да го официјализираат договорот за да можат да ја испланира новата сезона. Тоа веројатно ќе се случи, па Чаби кон крајот на денот може да стане нов менаџер на тимот од Лондон.

Алонсо пристигнува во Лондон по неуспешна епизода во Реал Мадрид. Тој беше отпуштен по само седум месеци во кралскиот клуб, но сигурно ова му дава уште поголема мотивација да ги покаже своите квалитети, кои ги покажа на врвен начин на клупата на Баер Леверкузен.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИФА исфрли холандски судија од Светското првенство

Објавено пред

ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во Лондон во април под сомнение за сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција во меѓувреме ја прекина истрагата против него, светската фудбалска организација остана зад својата одлука.

Диперинк, кој требаше да служи како видео асистент судија (ВАР) на турнирот, се најде под истрага по пријавата во Лондон, но како што самиот рече во петокот, случајот беше затворен.

И покрај ова, ФИФА го потврди неговото бришење од листата.

„ФИФА може да потврди дека Роб Диперинк е отстранет од листата на судии за натпреварите од Светското првенство“.

Портпаролот на лондонската метрополитенска полиција, исто така, потврди дека „прагот на докази не е исполнет“ и дека „нема да се преземат понатамошни мерки“.

Во подетално соопштение, Метрополитенската полиција појасни:

„Во четврток, 9 април, полицајците одговорија на пријава за сексуален напад врз тинејџер, што се случил на Велсли Роуд, Кројдон. Маж на возраст од околу 30 години беше уапсен под сомнение за сексуален напад. Полицајците спроведоа темелна истрага и ги разгледаа сите достапни докази, вклучително и собирањето снимки од безбедносните камери и испитувањето на дигиталните уреди. По овие истраги, тие заклучија дека прагот на докази не е исполнет. Нема да се преземат понатамошни мерки.“

Во изјава за холандскиот весник „Де Телеграф“, Диперинк го изрази своето големо разочарување што го пропушти Светското првенство. „Многу сум тажен што бев погрешно обвинет“, рече тој. „Целосно соработував со полициската истрага и веднаш им дадов изјави на ФИФА, УЕФА и КНВБ.

Обвиненијата беа одбиени, а случајот беше отфрлен во рок од две недели по соодветна и темелна истрага од страна на полицијата. Благодарен сум за поддршката што ја добив од КНВБ и начинот на кој го водеа овој случај. Штета е што ФИФА одлучи да не ме именува за Светското првенство, секако дека сум разочаран поради тоа.“

Кралската холандска фудбалска асоцијација (КНВБ), која го вработува Диперинк, застана во негова одбрана. Тие нагласија дека секое обвинение за несоодветно однесување го сфаќаат „многу сериозно“, но исто така дека е важно на сите да им се даде можност да се одбранат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сан Антонио ќе игра финале на Западот, Детроит на Истокот избори мајсторка

Објавено пред

Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на Истокот, Детроит со победат во Килвленд избори мајсторка.

Сан Антонио ја прегаси Минесота во шестиот меч со 139:109. Мечот беше решен во третата четвртина кога Спарс дојдоа до предност од 36 поени.

Тимот од Тексас го одигра можеби најдобриот натпревар во плејофот, а херој на вечерта беше Стефон Касл со 32 поени и 11 скока.

Тој имаше одлична поддршка во Дирон Фокс, кој постигна 21 поен и девет асистенции, додека Дилан Харпер додаде 15 поени од клупата.

Францускиот центар Виктор Вембањама забележа 19 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади.

Кошаркарите на Детроит победија во Кливленд со 115:94 и ја изедначија серијата на 3:3, па во седмиот натпревар ќе одлучат кој ќе продолжи понатаму.

Како и во претходната рунда, Пистонс беа на работ на елиминација, но успеаја да се издигнат и ќе се обидат да стигнат до финалето на Источната конференција на свој паркет.

Кога беше најтешко, Детроит потсети зошто го заврши регуларниот дел прв во табелата и речиси рутински го прелета Кливленд на гостински терен.

Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 21 поен, Рид имаше 17, Џенкинс и Дурен имаа по 15 поени. .
На другата страна, Џејмс Харден броеше до 23, Донован Мичел помогна со 18 поени, колку што постигна и Еван Мобли.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт33 секунди

Чаби Алонсо ќе го преземе Челзи

Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи....

Спорт8 минути

ФИФА исфрли холандски судија од Светското првенство

ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во...

Спорт19 минути

Сан Антонио ќе игра финале на Западот, Детроит на Истокот избори мајсторка

Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на...

Македонија40 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Каде застана Заев продолжува Филипче

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со прифаќањето и потпишувањето...

Свет60 минути

Дронови и термални камери трагаат по смртоносна кобра

Потрагата по кобрата која пред четири дена била забележана во близина на Тулуз продолжува и денес, но без успех, соопштија...

Забава1 час

Пејачката Милица Тодоровиќ успеала да изгуби дури 15 килограми

Пејачката Милица Тодоровиќ успеала да изгуби дури 15 килограми пред породувањето, а во една прилика открила дека во тој период...

Свет1 час

Траги од крв, црно бмв, чаури и 10 уапсени: Нови детали за мистериозното исчезнување на Александар Нешовиќ, познат како Баја

Исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој последен пат бил виден на 12 мај 2026 година во ресторан на...

Свет2 часа

Трамп асега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство...

Свет2 часа

Војната го уништи Судан: Милиони луѓе на работ на глад и смрт

Граѓанската војна во Судан создава една од најтешките хуманитарни кризи во светот, а милиони луѓе се соочуваат со глад и...