Свет
(Видео) Кина: Повеќе од 100 луѓе загинаа во разорен земјотрес, спасувачите во неволја поради ниските температури
Додека се борат со рекордно ниските температури, Кина во текот на ноќта беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 118 луѓе.
#UPDATE: Video captured the moment when a 6.2-magnitude earthquake shook Linxia Hui Autonomous Prefecture in NW China’s Gansu on Monday night. The quake can be felt in major cities like Xi’an and Chengdu. pic.twitter.com/CrDeQBbnyO
— People’s Daily, China (@PDChina) December 18, 2023
Најмалку 118 луѓе загинаа, а околу 400 се повредени во земјотрес во северозападните кинески провинции Гансу и Чингхаи, јавија државните медиуми.
Пожарникарите, војниците и полицијата трагаат по преживеани бидејќи температурите достигнаа -14 Целзиусови степени, иако властите предупредија дека може да има нови последователни потреси.
🇨🇳 An earthquake of magnitude 6.2 occurred in China.
So far, 116 people have been confirmed dead and more than 200 injured. pic.twitter.com/qMVpIIu1G0
— George Ivanovich Gurdjieff ֎ #StopArmenianGenocide (@ArmanKirakosy12) December 19, 2023
Можноста за нови земјотреси заедно со екстремно ниските температури многу ја отежнуваат работата на спасувачките екипи.
Властите на Гансу објавија повици на социјалните мрежи за повеќе работници за итни случаи.
„Повеќе од 300 луѓе се итно потребни за потрага и спасување при уривање на зградите“, се вели во соопштението.
Силен плиток земјотрес се случи во понеделникот нешто пред полноќ поради што жителите избегаа надвор на температури под нулата. Беше објавено дека биле оштетени илјадници куќи, а државните медиуми наведуваат дека јавната инфраструктура е оштетена „во различен степен“.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 100-ина километри југозападно од главниот град на провинцијата Гансу, Ланжу. За потсетување, поголемиот дел од Кина е среде студен бран, што ја погоди минатата недела, а подрачјето на висока надморска височина, каде што беше земјотресот, објави температури од -14 Целзиусови степени во вторникот наутро.
Потресите продолжија во раните утрински часови во вторник, со неколку потреси со јачина од 3,0 до 4,5 степени. Во вторникот друг земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ксинџијанг, исто така на северозапад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци сѐ повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната годишна бруто-плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по речиси 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – сѐ повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.
Свет
Украина го смени командантот на Харков
Украинскиот командант одговорен за североисточната линија на фронтот во Харков беше сменет за време на руската офанзива, изјави во понеделникот воен портпарол.
Сменет е Јуриј Галушкин, кој од април годинава беше на чело на Харков, а на негово место дојде Михаил Драпатиј, беше објавено, а причините за оваа одлука не се наведени.
Руските сили постигнаа значителни придобивки долж границата во регионот Харков во последните денови.
Украинската армијa претходно денес призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Свет
Луѓето што имаат проблеми со тежината во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од другите
Луѓето што имаат проблеми со тежината во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од другите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.
Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, луѓето што имаат проблеми со тежината толку повеќе земале боледување наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.
Боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за речиси 33 милијарди фунти.