Контакт

Свет

Украина бара итен прием во ЕУ, завршија преговорите со Русија, договорено продолжување во блиска иднина

Објавено пред

Руската инвазија на Украина влезе во петтиот ден. Ноќта беше релативно мирна, но претходното утро Украина објави дека руска ракета погодила станбена зграда во Чернихив, град на 150 километри северно од Киев, а пријавила и експлозии во Киев и Харков.

dobivaj vesti na viber

Според пишувањата на медиумите, завршени се преговорите меѓу Русите и Украинците, кои се одржаа во Белорусија, на границата со Украина.

Главната цел: прекин на огнот на територијата на Украина.

Русија и Украина идентификуваа голем број приоритетни теми за кои донесоа одредени одлуки, рече Подољак, советник на шефот на кабинетот на Зеленски.

Путин му ги претстави на Макрон условите за решавање на ситуацијата во Украина.

Клучни настани денес:

Украина бара итен прием во ЕУ по посебна процедура

Русија во текот на ноќта го нападна северниот град Чернихив и со проектил погоди станбена зграда, предизвикувајќи пожар во кој е повредена една жена, соопштија украинските власти.

Експлозии се слушнале во Киев и Харков нешто по 4 часот, соопшти Украина

Завршени се преговорите меѓу Русите и Украинците, кои се одржаа во Белорусија, на границата со Украина

Путин му ги претстави на Макрон условите за решавање на ситуацијата во Украина.

Руската рубља падна на рекордно ниско ниво, а руската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за повеќе од двапати

ЕУ ја вооружува Украина, го затвора нејзиниот воздушен простор за руските авиони и бара забрана за руските државни медиуми

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека следните 24 часа би можеле да бидат критични за Украина

Преглед на денешните вести од минута во минута:

22:00 Во ракетен напад во Киев уништени студентски дом и две станбени згради

Ракетен напад во Киев уништи студентски дом и две станбени згради, пренесуваат украинските гласила.

21:40 Велика Британија вети поголема воена помош во наредните денови

Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови, изјави портпаролот на неговиот кабинет.

21:25 Сателитска снимка покажува руски воен конвој долг 27 километри кој се движи кон Киев

Сателитските снимки направени денеска покажуваат дека руските копнени сили продолжиле да се приближуваат кон главниот град на Украина со воен конвој кој се протегал на 27 километри, пренесува Ројтерс.

20:50 Украинскиот министер за одбрана до руските војници: Амнестија и 5 милиони рубљи ако го оставите оружјето

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников директно преку Твитер им порача на руските војници да се предадат.

20:25 Ердоган: Турција не може да ги остави настрана врските со Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Турција не може да ги занемари своите врски со Русија или Украина, додавајќи дека Анкара ќе спроведе делови од меѓународниот договор за користење на турските мориња кои би можеле да го ограничат транзитот на руските бродови од Медитеранот до Црното Море.

20:10 САД со порака , нивните граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Соединетите Американски Држави денеска препорачаа американските граѓани да ја напуштат Русија „веднаш“ по руската инвазија на Украина.

19:40 Белата куќа: Не гледаме причина за промена на нивото на нуклеарна подготвеност

Соединетите Американски Држави во овој момент не гледаат причина да го променат нивото на нуклеарна подготвеност, соопшти Белата куќа откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили на борбена готовност во услови на серија санкции од Западот поради инвазијата на Москва на Украина.

19:20 (Видео) Нови ескплозии во Киев, огласени сирените за воздушен напад

Според известувањата на светските медиуми вечерва има нови експлозии во Киев а се слушаат и сирени за воздушен напад.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека потпишал официјално барање за пристапување на Украина во ЕУ.

19:00 Советникот на Зеленски за преговорите: „Беше тешко, но немаше руски ултиматум“

Според зборовите на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, кој се огласи на својот Твитер профил, преговорите биле тешки, но засега без ултиматум.

18:50 Украинците со молотови коктели и калашникови: „Ќе убиеме стотици од нив ако треба“

Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. По патиштата во Киев се појавија билборди на руски јазик: „Не станувајте убијци“, „Дојди дома“, пишуваат медиумите.

18:20 Зеленски го потпиша барањето за итен влез на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека потпишал официјално барање за пристапување на Украина во ЕУ.

17:48 Завршени преговорите меѓу Русија и Украина, нова средба на белоруско-полската граница?

Според медиумите, завршени се преговорите меѓу Русите и Украинците, кои се водеа во Белорусија, на границата со Украина.

17:30 Гутереш: Самата идеја за нуклеарен конфликт е едноставно незамислива

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на вонредната седница на Генералното собрание на ОН рече дека самата идеја за нуклеарен конфликт е едноставно незамислива.

17:00 Путин најави три услови за завршување на војната

Според медиумите, преговорите меѓу Русите и Украинците што се водеа во Белорусија, на границата со Украина, влегуваат во третиот круг. Путин му ги претстави на Макрон условите за решавање на ситуацијата во Украина.

16:35 Макрон одвоено разговарал со Путин и Зеленски, инсистирал на прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон одвоено разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, јавува Си-Ен-Ен.
Разговорот со Путин траел час и половина, соопшти Елисејската палата.

16:20 Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, засега нема никакви детали

Набргу откако руската новинска агенција Интерфакс објави дека преговорите меѓу Русија и Украина се завршени, беа објавени нови информации дека тие продолжуваат.

15:45 (Видео) Објавени страшни снимки од артилериски напад на Харков

Украински медиуми објавија страшни снимки од напад врз градот Харков, во кој како што велат има десетици мртви.

Една од снимките сподели и портпаролката на украинскиот претседател Зеленски, Јулија Мендел.

15:30 И Швајцарија најави усвојување на санкциите на ЕУ против Русија

Неутралната Швајцарија ќе ги усвои санкциите на ЕУ против Русите вклучени во специјалната операција на Москва во Украина и ќе го замрзне нивниот имот, соопшти денеска владата, нагло отстапувајќи од традицијата на таа алпска земја.

„ Со оглед на континуираната воена интервенција на Русија во Украина, Федералниот совет денеска одлучи да ги усвои пакетите санкции наметнати од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на швајцарската влада.

15:25 Русија им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор

Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор.

Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и Канада, пренесува „Ројтерс“.

15:14 Завршија преговорите помеѓу Украина и Русија – светот во исчекување

Како што пренесуваат светските медиуми, завршија преговорите помеѓу Украина и Русија, кои се водеа во Белорусија. Преговорите чиј исход го чека целиот свет траеја околу три часа.

Засега се знае само дека се завршени, но се уште не е соопштено дали и што е постигнато во тие преговори.

14:40 Русија ги стави нуклеарните сили во борбена готовност

Руското Министерство за одбрана објави дека нејзините стратешки ракетни сили и северната и пацифичката флота се ставени во состојба на борбена готовност, пренесе агенцијата Интерфакс.

Се додава дека тоа е во согласност со наредбата на претседателот Владимир Путин.

14:19 САД воведува нови санкции кон Русија

Соединетите Американски Држави ги продолжуваат санкциите кон руската централна банка во потег што ќе ги блокира Американците да се вклучат во какви било трансакции со неа и ќе ги замрзне сите средства што ги поседуваат во Соединетите држави.

Во денешното соопштение, американското Министерство за финансии наведе дека одлуката ќе се однесува на Централната банка на Руската Федерација, Рускиот фонд на национално богатство – управуван од близок сојузник на Владимир Путин – и неговото Министерство за финансии.

Фото: ЕПА

14:16 Стејт департментот ја затвори амбасадата на САД во Минск

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека Стејт департментот ја суспендирал работата на американската амбасада во белорускиот главен град Минск и дека на сите вработени во американската амбасада во Москва кои не се занимаваат со итни работи и на членовите на нивните семејства им било дозволено да си заминат.

14:13 EУ стравува од нови немири: „Конфликтот може да се прелее и на Балканот“

Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ дека е загрижен поради можни нови конфликти.

Борел тврди дека конфликтот може да се прелее во Молдавија и Грузија, каде што отцепените региони со руско население веќе функционираат како држави, но без меѓународно признавање. Смета дека влошување може да дојде и во поранешна Југославија.

14: 06 Карл Билт: Србија се дисквалификуваше од процесот на пристапување во ЕУ поради Русија

Шведскиот политичар и дипломат Карл Билт изјави дека Србија е „дисквалификувана“ од процесот за пристапување во Европската унија поради нејзината позиција во однос на руската инвазија на Украина.

Поранешниот шведски министер за надворешни работи го објави ова на Твитер. Неговиот коментар беше одговор на твитот на германскиот новинар Михаел Мартенс, кој рече дека Србија нема да воведе никакви санкции кон Русија.

14:05 Објавена мапа која прикажува каде заминуваат бегалците од Украина

14:00 Шефот на европската дипломатија: ЕУ нема да дозволи формирање на марионетска влада во Украина

Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ изјави дека Европската Унија нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев.

„Сите војни завршуваат, но треба да видиме како. Тоа не смее да се случи и нема да дозволиме ова да заврши со задушување на слободите на Украинците и нивната легитимна влада, која би била заменета со марионетска влада, како што се случи во времето кога Русија беше дел од Советскиот Сојуз“, изјави Борел, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија.

13:50 Бегалци од Украина пристигнаа во Србија

Во Србија пристигнаа првите бегалци од Украина кои нè контактираа во саботата и тоа продолжи до денес“, изјави за Радио Слободна Европа директорот на невладиниот Центар за заштита и помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ.

„Засега тоа се луѓе кои доаѓаат кај роднини и пријатели. Тие нè прашуваат како и каде да се регистрираат и како да добијат заштита додека се во државата“, рече Ѓуровиќ.

Според податоците со кои располага Центарот за заштита и помош на баратели на азил, моментално во Србија има места за прием на околу 6.000 лица. Оваа организација очекува во Србија да дојдат над 10.000 бегалци од Украина.

13:37 Членките на ЕУ поделени околу приемот на Украина

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара итно членство.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето.

Тој образложи дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

13:31 – Десетици загинати и стотици повредени во Харков

Десетици луѓе загинаа утрово во ракетни напади на руските сили врз украинскиот град Харков, изјави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко.

Тој тврди дека кон Харков биле истрелани голем број ракети, пренесува Ројтерс.

„Десетици мртви и стотици ранети“, напиша Харашченко на Фејсбук.

13:25 Австрија испраќа помош за Украина 

Австриската влада денеска донесе одлука да испрати помош за Украина.

По седницата на Кризниот кабинет беше најавено дека Австрија ќе ја прошири хуманитарната и логистичката помош за Украина.

13:15  Фејсбук урива мрежа на дезинформации насочени кон Украина

Фејсбук и Инстаграм ја отстранија мрежата за дезинформации наменета за луѓето во Украина, бидејќи нивниот сопственик објави дека го блокира пристапот до медиумските организации во земјата поддржани од Кремљ.

Платформата Мета на Марк Цукенберг објави дека е откриена „релативно мала“ мрежа од околу 40 профили, страници и групи на две платформи за социјални медиуми.

13: 00 Белорускиот министер ги поздрави делегациите на Украина и Русија: Чувствувајте се целосно безбедно

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи ги поздрави делегациите на Украина и Русија на разговорите , уверувајќи ги делегатите дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“, пишува Си-Ен-Ен.

– Драги пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Овде можете да се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност – рече Макеи.

12: 55 Кулеба: Прекинете ги сите деловни врски со Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, зборуваше за руската инвазија и бизнисот со Руската Федерација.

– Прекинете ги сите деловни врски со Русија. Сите тие. Водење бизнис со Русија денес значи финансирање на агресија, воени злосторства, дезинформации, сајбер напади. Прекинете се со Хитлер од 21 век по име Владимир Путин – напиша тој на Твитер.

12:50 Прво видео од преговорите: Русија и Украина на тркалезна маса

12:30 Бугарскиот министер за одбрана ќе биде разрешен оти не сака да го користи зборот војна за руската инвазија

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека ќе го смени министерот за одбрана Стефан Јанев, по неговото одбивање да ја нарече руската инвазија војна.

Петков рече дека коалициската влада ќе се состане во текот на денот за да гласа за смената на министерот и да предложи нов министер за одбрана. Петков рече дека сите коалициски партнери се согласиле Јанев да биде отстранет од функцијата.

„Мојот министер за одбрана не може да го користи зборот операција наместо зборот војна. Не можете да кажете операција кога веќе се убиени илјадници војници од двете страни“, рече Петков.

12:20 Премиерот на Украина: Украина набргу ќе поднесе барање за членство во ЕУ

Денис Шмигал денеска изјави дека Украина набргу ќе поднесе барање за членство во ЕУ според посебна, поедноставена процедура.

„Украинците одамна докажаа дека сите ние сме составен дел од европската заедница. Време е тоа да се стави на хартија“, се вели во соопштението на Смигал, пренесува UNIAN.

12:15 Кремљ: Прерано е да се сумираат резултатите од воената операција

Кремљ денеска не сакаше да го коментира напредокот на Русија во воената операција во Украина.

„Мислам дека не е време да ги сумираме резултатите од воената операција, треба да почекаме операцијата да заврши“, изјави денеска за време на прес-конференција портпаролот на Кремљ, пренесе Си-ен-ен.

12:10 Зеленски: Ќе ги ослободиме затворениците што сакаат да се борат против Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе ги ослободи од затвор затворениците што имаат искуство во борба и сакаат да се борат против руската инвазија.

12:05 „Тајмс“: Путин испраќа 400 платеници во Киев за да го убијат Зеленски

Британски „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од речис 400 платеници од т.н. вагнер-група за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Групата „Вагнер“ е приватна милиција, која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски, како и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

12: 00 (Видео) Почнуваат преговорите меѓу Москва и Киев – двете делегации се сретнаа во Белорусија

11:40 Украинската армија тврди дека им нанела огромна штета на руските сили

Киев тврди дека во борбите загинале 4.500 руски војници, а уништени се стотици тенкови, оклопни возила, хеликоптери и авиони.

Ова е петти ден од руските напади врз Украина.

11:35 Украински амбасадор: Секој окупатор на наша територија ќе добие куршум во главата

Украинскиот амбасадор во Србија, Олександр Александрович, изјави дека секој окупатор што ќе влезе во неговата земја ќе добие истрел во главата.

Како гостин во утринската програма на ТВ „Прва“, тој рече дека секој ден од борбата во Украина значи дека поддршката за неговата земја расте.

„Немаме друг избор бидејќи, ако ги пуштиме, тоа ќе биде вистински геноцид врз сите жители на Украина, 42 милиона. Имаме поддршка од Западот, но и од целиот свет. Ниту една земја не ја поддржа оваа агресија“, посочи Александрович.

11: 30 Жителите на Мариупол: Опколени сме од руски сили и под силен напад

Жителите на Мариупол утрово изјавија дека пристанишниот град на Азовското Море е опколен од руски сили и под силен напад, пишува „Гардијан“.

Сепак, тие не можеа да потврдат дали руските маринци слетале на брегот и го окупирале пристаништето, домот на малата украинска флота и командниот брод „Донбас

11:15 НАТО продолжува да испраќа оружје во Украина

Сојузниците на НАТО ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на „Твитер“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.

„Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг.

11:10 (Видео) Зеленски побара итен прием на Украина во ЕУ

11: 10 Зеленски до руските војници: Бегајте и спасете си ги животите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им се обрати на руските војници во видео порака преку „Фејсбук“.

Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.

„Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Спасете ги своите животи“, рече Зеленски.

11.00 Делегацијата на Украина на преговорите ќе бара прекин на огнот

Клучното прашање на преговорите за украинската страна е постигнувањето сегашното примирје и повлекувањето на руските војници од украинската територија, соопшти канцеларијата на Зеленски на почетокот на мировните преговори во Белорусија.

Украинската делегација пристигна порано со хеликоптер на местото на преговорите со Русија, јави дописникот на „РИА новости“.

Укинат полицискиот час во Киев

Дводневниот полициски час во Киев е укинат бидејќи руските војници напредуваат во радиус од 30 километри од главниот град на Украина, пишува Би-би-си.

Русија ги повикува украинските цивили да го напуштат Киев

Руското Министерство за одбрана ги повика украинските цивили да се евакуираат од Киев нагласувајќи дека е отворен коридор за заминување на жителите, пренесува РТ.

(Видео) Украинската делегација пристигна со хеликоптер на разговори со Русија

Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа.

Делегација од Украина на местото на средбата пристигнала со хеликоптер, се вели во видеото што го објави „РИА новости“.

Чеченците од Австрија тргнаа во војна во Украина – но не да се борат на страната на Русите

Многу Чеченци од Европа, вклучително и Австрија, во моментот патуваат на украинскиот фронт, но не за да се борат на страната на Русите, како што сака чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

Илјадници Чеченци живеат во Австрија и тие се бегалци во таа земја. Весникот цитира изјава на неименуван Чеченец од Виена, кој рекол дека неговите двајца познајници, заедно со двајца од Германија, отишле во војна во Украина.
Тие тврдат дека сакаат да се борат како странски борци на страната на Украинците против Русите.

(Видео) Редици пред банкоматите во Москва

Руското Министерство за одбрана тврди дека ја презеле контролата врз Украина

Руската војска тврди дека ја презела контролата врз украинскиот воздушен простор, пишува Си-ен-ен.

„Руските воздухопловни сили стекнаа воздушна надмоќ над целата територија на Украина“, се вели во соопштението на генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Болсонаро го исмева Зеленски: Украинците му веруваат на комичарот

Десничарскиот претседател на Бразил, Болсонаро, вчера на прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека „украинскиот народ ги положи своите надежи во рацете на комичарите“.

(FILES) In this file photo taken on February 04, 2022 Brazilian President Jair Bolsonaro gestures as he speaks during a ceremony in which the salaries of teachers of elementary education were increased, at the Planalto Palace in Brasilia. – Brazilian far-right President Jair Bolsonaro expressed his “irrestrictive and permanent” rejection to nazism on February 8, 2022 after a Brazilian youTuber made declarations in favour of the creation of a Nazi party in name of the freedom of expression. (Photo by EVARISTO SA / AFP)

Европската унија направи чекор без преседан и испраќа оружје во Украина

Претседателката на Европската комисија: Украина е една од нас, сакаме таа да ѝ се приклучи на ЕУ

Претседателката на Европската комисија изрази недвосмислена поддршка за Украина да стане членка на Европската унија нарекувајќи ја земјата што сега е нападната од Русија „една од нас“.

Таа го изјави ова во интервју за „Евроњуз“ неколку часа откако блокот од 27 нации одлучи да ѝ достави оружје на земјата за време на војната првпат во нејзината историја.

„Навистина, со текот на времето тие ни припаѓаат нам. Тие се едни од нас и сакаме да влезат во блокот“, изјави таа.

Зеленски: Следните 24 часа се клучен период за Украина

Во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува оти следните 24 часа ќе бидат клучен период за Украина бидејќи борбите продолжуваат во целата земја.

Белорусија: Сѐ е подготвено за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека сѐ е подготвено во Белорусија земјата да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.

„Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави белоруското Министерство на „Твитер“ заедно со фотографија од местото на кое ќе се водат преговорите.

Украинскиот министер за одбрана: Војната стана европска и Европа го сфати тоа

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, се огласи на „Фејсбук“, каде што испрати силна порака до Украинците, но и до целиот свет.

„96 часа отпор, 4 дена посветеност, храброст, посветеност и верба“, пишува Резников додавајќи дека постои силно верување оти непријателот, кој убива жени, деца и уништува градови, ќе биде казнет.

Тој истакнува дека војната станала европска и дека Европа, конечно, го сфатила тоа.

Свет

Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.

Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.

И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.

Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.

Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина

Објавено пред

САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.

dobivaj vesti na viber

Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.

Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.

Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.

„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.

depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.

„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.

Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.

„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.

Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.

depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет2 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет5 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет5 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија11 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет12 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет14 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа14 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија15 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет15 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет16 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет16 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...