Свет
Русија најави дека нема да ја поддржи резолуцијата на ОН за Сирија
Русија нема да ја поддржи резолуцијата којашто евентуално би ја донеле Обединетите нации за Сирија, што ја подготвија повеќе европски земја, изјави во вторникот за агенцијата Интерфакс, претставникот на руското министерство за надворешни работи.
Русија нема да ја поддржи резолуцијата којашто евентуално би ја донеле Обединетите нации за Сирија, што ја подготвија повеќе европски земја, изјави во вторникот за агенцијата Интерфакс, претставникот на руското министерство за надворешни работи.Како што рекол заменикот министер за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов, Москва одбила да го поддржи текстот на резолуцијата, бидејќи според него, тој отвора можност за воведување санкции против Сирија. „Ние не можеме да поддржиме таков текст. Тој е неприфатлив бидејќи вклучува можност за воведување санкции за Сирија“, изјави Гатилов. Меѓутоа, од руското министерство за надворешни работи не одговорија дали Русија ќе стави вето на резолуцијата. Гатилов, исто така, додаде дека Москва се спротиставува на нацрт резолуцијата, бидејќи не вклучува повик до странските сили да не се вплеткуваат во внатрешните сириски работи и повик на дијалог меѓу претседателот Башар ал-Асад и опозицијата.Од друга страна, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган чијашто земја веќе воведе ембарго за извозот на оружје за соседот Сирија, во вторникот изјави дека следните денови ќе го изложи планот на Анкара за натамошни санкции спрема Дамаск. Сириските власти, пак, во вторникот ја укинаа забраната за увоз, соопшти државната новинска агенција SANA. Владата ана ал-Асад воведе забрана за увоз минатиот месец обидувајќи се да ги сочува резервите од странски валути загрозени со внатрешната политичка нестабилност која ја продлабочува стопанската криза. Европската унија и САД, исто така, претходно воведоа санкции за режимот на претседателот Башар ал-Асад, поради „крвавото справување со демонстрантите и противниците на режимот“. Тие, исто така, вршат притисок во Советот за безбедност да воведе санкции за Сирија, на што се спротиставуваат двете постојани членки на СБ, Русија и Кина.Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои доаѓаат надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени 1.500 лица од кои 800 се припадници на сириската полиција и на војската.Опозицијата и организациите за заштита на човековите права во Сирија тврдат дека од почетокот на протестите во Сирија се убиени повеќе од 2.700 луѓе, а повеќе илјади луѓе ја напуштија Сирија, покажуваат податоците на невладините организации.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжуваат и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува Танјуг.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.