Свет
Побарана милионска отштета за „Бачило“
Сопствениците на денационализираниот имот, Даринка Тодоровска и Гоце
Димитриовски, вчера побараа да им биде исплатена милионска отштета од
обвинетите во случајот „Бачило“. Тодоровска побара отштета од 20 милиони
денари, а Димитриовски – 25 милиони денари зашто биле измамени со својот имот.
Судење
Сопствениците на денационализираниот имот, Даринка Тодоровска и Гоце
Димитриовски, вчера побараа да им биде исплатена милионска отштета од
обвинетите во случајот „Бачило“. Тодоровска побара отштета од 20 милиони
денари, а Димитриовски – 25 милиони денари зашто биле измамени со својот имот.
На вчерашното рочиште за случајот „Бачило“, покрај оштетените, беа испрашани и
околу десетина сведоци на Обвинителството. Вчера сведочеше Драгица Миновска
(80), мајка на поранешната судијка Марија Дубровска, која е една од обвинетите
во случајот. Според Обвинителството, поранешната судијка лобирала овчарот
Иснифарис Џемаили да ја добие пресудата за гранатираното бачило. За услугата
таа добила 19,9 милиони денари, кои и’ биле исплатени на книшката на нејзината
мајка Миновска. Таа рече дека немала книшка и дека никогаш не и’ биле префрлени
пари од Џемаили, за кого рече дека прв пат го гледа.
Се очекува на судењето да бидат испрашани околу 30 сведоци предложени од
Обвинителството, по што ќе следат сведоците на одбраната. За случајот „Бачило“,
првообвинет е нотарот Никола Стојменовиќ, а второобвинет овчарот Иснифарис
Џемаили.
(А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.