Европа
DW: НАТО потврди дека Украина употребила балистички ракети
Украинската армија, спротивно на уверувањата од официјален Киев, употребила балистички проектили против проруските бунтовници во источниот дел од земјата, пренесува во петокот Deutsche Welle, повикувајќи се на потврда од штабот на НАТО.
Украинската армија, спротивно на уверувањата од официјален Киев, употребила балистички проектили против проруските бунтовници во источниот дел од земјата, пренесува во петокот Deutsche Welle, повикувајќи се на потврда од штабот на НАТО.
„НАТО ја потврдува информацијата на американската телевизиска мрежа CNN за тоа дека армијата на Украина употребила балистички ракети со кус дострел“ против проруските бунтовници во источниот дел на земјата, пренесува Deutsche Welle повикувајќи се на претставник на службата за односи со јавноста во седиштето на НАТО во Брисел.
Притоа портпаролот на Алијансата не можел да даде никакви други поединости, истакнувајќи дека „информацијата е базирана на податоци од американското разузнавање“.
Според претпоставките на повеќето медиуми кои изминатите денови се занимаваа со оваа тема, најверојатно станува збор за ракетните системи „Точка“, со дострел на балистичките ракети од повеќе од 100 километри. „Нема информации за бројот балистички проектили истрелани од украинска страна, како и врз какви цели биле истрелани и какво биле исходот од тоа“, забележува Deutsche Welle.
Постојаниот известувач на CNN од Пентагон, Барбара Стар во вторникот (29-ти јули) објави дека украинската армија во судирите со проруските бунтовници употребила балистички ракети. „Според нашите податоци, американското разузнавање преку своите сателити регистрирало како украинските сили од своите позиции истрелале балистички проектили ’земја-земја’ со мал дострел кон територијата под контрола на сепаратистите“, рече новинарката на CNN. Според истиот извор, станува збор за ракети кои носат боева глава од 454 килограми и има радиуси на дејствување од 80 километри. Како што истакна CNN во прилогот, ова е најдеструктивното оружје за кое се знае дека досега е употребено во судирите.
Како што додава Deutsche Welle, Украина ги негираше наводите на CNN, и притоа ја цитира изјавата на портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина од средата (30-ти јули) дека земјата „не употребила балистички проектили за време на антитерористичката операција“ во побунетите источни региони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.