Европа
Експерт на ОБСЕ: околу 400 тела најдени во гробница крај Донецк
Околу 400 неидентификувани тела се наоѓаат во мртовечниците на источниот украински град Донецк, кој е центарот на побунетото рускојазично население, во чија близина претходно беше откриена масовна гробница на цивили, изјави за весникот Росискаја газета, латвискиот активист Ејнарс Граудинш.
Како што вели во разговорот Ејнарс Граудинш, тој посетил две места на кои се откриени две масовни гробници во составот на групата од осум експерти од повеќе земји на Европската унија придружувани од претставници на самопрогласените Народни републики Донецк и Луганск. Како што вели овој активист за човекови права, убиените лежат под тенок слој земја. Било очигледно дека телата биле набрзина фрлени во јамата. Ексхумацијата на гробниците ја вршат иследници од проруските власти од Донецк, кои го документираат излекувањето на секое тело, правата експертиза и го испраќаат телото во мртовечница.„Во моментов само во мртовечниците во градот Донецк има околу 400 неидентификувани трупови. Очигледно тој број ќе се зголемува, бидејќи сѐ уште трае ексхумацијата од откриените гробници“, изјавил за весникот Граудинш.Вели натаму дека локалните жени му изјавиле оти нивните домови биле ограбени, а украинските војници стоеле во редици пред локалната пошта за да го испратат пленот дома. „Ни пријде група жени… Тие раскажаа дека платениците од баталјоните ‘Азов ‘ и ‘Добас’ вршеле чести групни силувања на сите жени во селото. Жртви на силувањата биле и девојчиња од 12 години и постари жени“, раскажува натаму Латвиецот.На 23-ти септември крај Донецк беа откриени неколку гробници, во коишто според локалното население, се закопувани цивили убиени од припадниците на украинските сили лојални на прозападната влада во Киев. Во понеделникот специјалната претставничка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мадина Џарбусинова, изјави дека постојат сомневања дека од телата пронајдени во масовните гробници во Донбас се вадени внатрешните органи, кои можеби се продавани на црниот пазар.Претставниците на проруските ткн милиции на самоодбраната сметаат дека масовните убиства на цивилите се дела на припадниците на Националната гарда на Украина. Украинските војници го заземале селото Нижнаја Кринка во април кога започна воената операција на истокот од земјата и си заминале од него на 21-ви септември. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека „постојат многу сериозни индиции“ дека убиствата на цивилите се најверојатно дело на припадници на Националната гарда. Владата во Киев ги негираше ваквите обвинувања. Портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко, претходни изјави дека во споменатото село „никогаш немало ниеден припадник на Националната гарда“, но потврди дека имало други единици на украинските безбедносни сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.