Европа
Француската влада тесно избегна гласање за доверба од побунетите социјалисти
Побунетите пратеници на француските владејачки социјалисти во средата за малку не успеаја да соберат доволно гласови во својата партија и од сојузниците од левицата, за да го принудат на гласање за недоверба на владата која реформата на законот за труд сака да го спроведе со декрет и така да го заобиколи парламентот.
За Националното собрание да го обврзат на гласање за доверба на владата, требаше да добијат поддршка од 58 пратеници, но успеаја да осигурат 56.
Владата на премиерот Мануел Валс во четврток, сепак, ја очекува гласање според предлогот на конзервативните пратеници, иако нивното барање тешко ќе мине, бидејќи немаат мнозинство.
Една година пред претседателските избори, во редовите на Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд расте незадоволството и бунтот поради владините политики на фаворизирање на интересите на работодавачите што кулминираше со указот за законот за труд.
Владата може да се соочи и со бран масовни протести ширум Франција, кои како и изминатите седмици повремено, можат да бидат насилни, бидејќи синдикатите и младинските движења ги повикуваат граѓаните најмасовно досега да искажат незадоволство од реформата и начинот на кој работи владата која законите ги носи заобиколувајќи го законодавниот дом. Влијателниот синдикат CGT ги повика пристанишните работници на генерален штрајк на 17-ти и 19-ти мај
Анкетите покажуваат дека тројца од четворица Французи се против реформата на законот за труд коа на работодавачите им овозможува поедноставно отпуштање на работниците во кризни времиња, како и можноста да ги примената прописите од интерниот правилник за работа за палата и за условите на работењето, а не националниот закон за труд./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.