Европа
Откажани низа состаноци на ЕУ поради зголеменото ниво на закана од напад
Советот на Европската унија одложи редица закажани за во понеделникот второстепени заседанија поради зголеменото ниво на закани, но ќе се одржи состанокот на Еврогрупата, советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната, се наведува во соопштението објавено во неделата вечерта, истовремено со одвивањето на големата антитерористичка операција на белгиските безбедносни сили во центарот на Брисел, за што од медиумите е побарано да не известуваат за детали.
„Како резултат на зголеменото ниво од закани, претседателството на Советот, консултирајќи се со генералниот секретаријат на Советот, одлучи да ги откаже поголемиот дел од состаноците кои немаат првостепено значење планирани за утре во зградата на Советот не ЕУ. И покрај тоа, седниците на Советот за образование, млади, култура и спорт, на Еврогрупата и одреден број средби на високо ниво ќе се одржат“, се наведува во соопштението.Нивото на безбедност во самата зграда на Советот е подигнато од „жолто“ на портокалово“. „Ова повишување на нивото на закана значи дека ќе бидат воведени голем број безбедносни мерки, како дополнување на оние кои веќе се на сила од 16-ти ноември, поради зголемената опасност по терористичките напади во Париз“ од 13-ти ноември, се додава во соопштението.Се истакнува и дека се одржува постојана комуникација со белгиските власти, земјите членки и колегите од другите институции на Европската унија. Претходно во неделата доцна попладнето белгискиот премиер Шарл Мишел по состанокот на националниот Совет за безбедност одлучи и во понеделникот да остане на сила највисокото 4-то ниво на тревога поради можни напади, што вклучува и запирање на работата на подземната железница и затворање на училиштата. Натамошните чекори ќе бидат преземени по состанокот на белгискиот Совет за безбедност кој ќе се одржи во понеделник попладне.Веднаш по соопштението на Мишел во центарот на Брисел започна опсежна операција на белгиската полиција во која е вклучена и војската. Блокирани се неколку улици во центарот на градот кој водат кон плоштадот Гран Плас како и некои хотели, а на граѓаните им се советува да не им се приближуваат на прозорците. Од медиумите, пак, е побарано да не објавуваат поединости од операцијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.