Контакт

Uncategorized

(Oд минута во минута) Путин за дијалог ако се исполнат нивните барања, Зеленски: Ако падне Украина, ќе падне и Европа

Објавено пред

Деветти ден на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Пожар избувна во реонот на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа по, како што соопштија украинските власти, руското гранатирање. Во близина на нуклеарната централа вечерта и ноќе се воделе борби меѓу руските и украинските сили. Пожарот избувнал во управната зграда и бил локализиран во текот на ноќта.

Клучни настани:

  • Украина објави дека Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа, е окупирана од руската војска
  • Пожарот во нуклеарната централа кој избувна по гранатирањето е изгаснат
  • Британскиот премиер Џонсон го обвини Путин дека ја загрозува безбедноста на цела Европа
  • Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за „нуклеарен тероризам“
  • Русија тврди дека нуклеарната централа ја запалиле Украинците
  • НАТО порача на итен прекин на воените дејствија

Последни вести:

22.05 Блинкен: Забраната на зоната на летот над Украина може да доведе до тотална војна во Европа

Блинкен додаде дека Вашингтон ќе продолжи да работи со сојузниците со цел да им ги испрати на Украинците потребните средства за да се одбранат од руската агресија

21.55 Разговаравме еден час: Ова се барањата што Путин му ги постави на Шолц

Рускиот претседател ги повтори своите барања, односно „демилитаризација“, „деназификација“ на Украина, меѓународно признавање на руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година, како и суверенитет на отцепените региони Доњецк и Луганск

21.45 Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија

Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден

21.35 Фејсбук: На милиони „обични“ Руси ќе им биде забранет пристапот до проверени информации

Наскоро на милиони „обични“ Руси ќе им биде оневозможен пристап до проверени информации. Нема да може да одржуваат контакт со семејството и пријателите и нема да можат слободно да го изразуваат своето мислење

21.30 Зеленски: Поддржете ја нашата борба, бидејќи ако падне Украина, ќе падне и Европа

Сакам да излезете на улиците на вашите градови и да ја поддржите Украина, да ги поддржите нашите напори и нашата борба, бидејќи ако Украина падне, ќе падне и Европа

20.50 Путин потпиша нова уредба: Остри казни за ширење лаги за руската армија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за кривично и финансиско казнување за лажните вести за активностите на Вооружените сили на Русија и повикува на антируски санкции

20.25 Фон дер Лајен: ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија доколку Путин не ја прекине војната

Европската унија е подготвена да усвои дополнителни санкции против Русија доколку претседателот Владимир Путин не ја запре војната во Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

20.00 Линда Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа

Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации (ОН) Линда Томас-Гринфилд изјави дека „светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа“ за време на рускиот напад на нуклеарната централа Запорожје во Украина

19.45 Страшни информации од Украина: Во заложништво држат странци – заробени илјадници Индијци

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензја изјави дека националистите и Украина насилно приведуваат илјадници странци во неколку градови, вклучувајќи ги Индија и Кина

19.35 Откако одби да се дистанцира од Путин, Ана Нетребко повеќе нема да настапува во Метрополитен опера

Познатата руска сопранка Ана Нетребко повеќе нема да настапува во Метрополитен операта во Њујорк, откако одби јавно да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин, се вели во соопштението на Мет

19.20 Борел: Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се целосно во согласност со одлуките на ЕУ

Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се 100% во согласност со одлуките на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и санкциите против Русија. Во овие тешки времиња, тоа цврсто го потврдува нивниот пат кон ЕУ

19.00 Кулеба: Не дозволувајте Путин да ја претвори Украина во Сирија

Украинскиот министер за надворешни работи ги повика министрите за надворешни работи на НАТО да не дозволат Русија да ја претвори Украина во Сирија, каде што од 2011 година се води граѓанска војна

18.50 ЕУ сака членство на Украина што е можно поскоро
Иднината на Украина е во Европската унија и земјата треба да стане членка што е можно поскоро, изјави денеска заменик-шефот на Европската комисија

18.35 Американците открија што се случи со огромниот руски конвој

Директните напади во комбинација со уништувањето на мостот го забавија напредувањето на огромен руски воен конвој, лоциран на околу 24 километри северно од Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана

18.25 Пленковиќ најави нови санкции воведени од Хрватска кон Русија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на работниот ручек со амбасадорите на земјите членки на ЕУ јасно ја осуди агресијата врз Украина

18.15 Никифоров тврди дека дел од ракета паднала во дворот на Зеленски

Сергеј Никифоров, прес-секретарот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека дел од ракетата паднала во дворот на летната резиденција на Зеленски

18.00 Познатиот холивудски пар започна кампања за Украинците

Познатиот холивудски пар Мила Кунис и Ештон Качер започнаа кампања „GoFundMe“ за собирање средства за Украинците погодени од руската инвазија.

17.45 Би-би-си ги повлекува своите новинари од Русија

Шефот на Би-би-си, Тим Дејви, денеска изјави дека корпорацијата го прекинува своето известување во Русија, бидејќи новиот закон „се чини дека го криминализира независното новинарство

17.35 Советник на претседателот на Украина: Третата рунда разговори најавена за викенд

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека третата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да се одржи на 5 или 6 март

17.25 Зеленски разговараше со Ердоган: Запрете ја Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

17.15 Русите тврдат дека се е готово – Киев повеќе нема никаква контрола над Украина

Режимот во Киев практично целосно ја загуби контролата над управувањето со државата, а во повеќето градови моментално беснеат националистички баталјони кои во суштина се нацисти, изјави шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, Михаил Мизинцев

17.05 Путин е подготвен за дијалог со Украина доколку се исполнат сите руски барања

Путин потврди дека Русија е отворена за дијалог со украинската страна, како и со сите оние кои сакаат мир во Украина

16.55 Шолц предупредува на опасноста од ширење на војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди на опасноста од проширување на војната во Украина, нагласувајќи дека земјите од НАТО не смеат директно да интервенираат во воениот конфликт

16.35 Швајцарија денеска ги заостри санкциите кон Русија

Швајцарската влада денеска ги продолжи санкциите кон Русија во согласност со понатамошните мерки воведени од Европската Унија, заострувајќи го извозот и финансиските услуги во таа земја поради нејзиниот напад врз Украина

16.25 Украинците во Одеса со вреќи песок ќе го бранат градот и земјата од можен воен напад

Украинците во Одеса, град на Црното Море во јужна Украина, формираа човечки синџир за полнење вреќи со песок во подготовка за можен руски напад

16.15 Мајкрософт ја прекина продажбата и услугите во Русија

Мајкрософт објави дека ќе ја прекине целата нова продажба на производи и услуги во Русија

16.00 Зеленски и фон дер Лаен: Разговаравме за зајакнување на санкциите против Русија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен

15.55 тен разговор меѓу Путин и Шолц – се решава судбината на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин

15.50 Борел и Блинкен: ЕУ и САД прават сè заедно за да ја запрат војната

Шефот за надворешна политика на ЕУ Џозеф Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кои заеднички учествуваат на важен состанок на Советот на ЕУ посветен на војната во Украина, велат дека се обединети во барањето војната да престане и да сторат се за таа да се случи

15.45 Карл Нехамер: Русија си игра со оган напаѓајќи нуклеарна централа

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска апелираше дека во вооружениот конфликт во Украина мора да се внимава да нема војна во близина на нуклеарните централи

15.40 Зеленски: Разговарав со претседателот на Европскиот совет

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска разговарал со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

15:34 Путин сака да го дестабилизира Балканот, вели германски социолог

„Москва во моментот е заинтересирана за дестабилизација на регионот на Западен Балкан“, изјави Џералд Кнаус за австриската новинска агенција (АПА). Тој вели дека рускиот претседател Владимир Путин, под притисок од воената помош на Европската унија за Украина и санкциите, бара простор за контранапад.

15:20 Раководителот на компанијата која управува со нуклеарната централа: Работиме под закана со оружје

Раководството на нуклеарната централа Запорожје сега работи под закана со оружје, соопшти компанијата која управува со централата, а пренесува Си-ен-ен.

Петро Котин, шеф на државниот производител на нуклеарна енергија „Енергоатом“, на „Телеграм“ рече дека руските сили влегле на територијата на нуклеарната централа, ја презеле контролата врз персоналот и управувањето со нуклеарната централа.

„Управата со нуклеарната централа работи под закана со оружје“, вели Котин. Тој додаде дека вработените во утринските часови дошле да ги извршуваат работните обврски и дека биле пуштени во електраната.

14:50 Обединети сме во нашата осуда на руската воена агресија, порача Османи по вонредниот состанок на НАТО

„Денес упативме силна порака за единството на Алијансата и заедничката определба за зачувување на евроатлантската сигурност. Обединети сме во нашата осуда на руската воена агресија и пораката за неодложно запирање на воените дејствија, кои нанесуваат ненадоместлива загуба на човечки животи и имаат далекосежни последици за економија, мирот и просперитетот на целиот свет. Одлучни сме во нашата поддршка за Украина и солидарност со украинскиот народ, чија храброст и решителност за изнаоѓање мирно решение е достојно за почит“, истакна Османи.

14: 20 НАТО: Путин треба веднаш да ја прекине војната

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине војната во Украина. Тој посочи дека „Русија ќе плати висока цена за агресијата врз Украина и дека веќе плаќа“. Тој, исто така, рече дека НАТО мора да ги поддржи Грузија и Босна и Херцеговина како „земји во ризик“.


14:00 Украина бара одложување на баражот за пласман на СП

ФИФА објави дека Фудбалскиот сојуз на Украина, поради руската инвазија врз оваа земја, побарал да биде одложено нивното учество во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Украина во полуфиналето на 24 март треба да гостува во Глазгов кај Шкотска.

13:40 Украинците тврдат дека досега убиле над 9.000 руски војници

Според овие проценки, убиени се 9.166 руски војници, 251 тенк, 33 авиони, 37 хеликоптери, 404 возила, 105 ракетни системи.

Според овие податоци, бројот на загинати руски војници е многу поголем од бројот што официјално го објави Москва, кој изнесува 498 војници.

13:20 Кремљ: Чекаме одговор од Украина за продолжување на преговорите

Кремљ соопшти дека го чека одговорот на Украина за продолжување на мировните преговори по вчерашната втора рунда преговори.

Тие велат дека им порачале на Украинците оти гледаат решение за оваа ситуација. Руската страна додава дека што ќе се случи понатаму ќе зависи од Украина.

13:00 Путин: Немаме лоши намери кон соседите, ги советувам да не ја ескалираат ситуацијата

Путин рече дека Русија одговара само на „негативните дејствија на другите земји”. Тој нагласи дека Русија нема да ги влоши односите со соседите.

12:45 Германската тајна служба: Путин е подготвен за опсада на Киев, тој ќе го уништи градот

Според германските безбедносни кругови, Москва има намера што поскоро да ја преземе контролата врз источна Украина, а и натаму има планови за преземање на градот Киев. Најкрвавата фаза од војната допрва доаѓа, сметаат германските разузнавачи.

12:20 Лукашенко тврди дека белоруските вооружени сили нема да учествуваат во руската инвазија во Украина

Белорускиот лидер Александар Лукашенко продолжува да тврди дека белоруските вооружени сили не учествуваат и нема да учествуваат во руската инвазија на Украина или, како што велат Путин и Лукашенко, во специјалната воена операција.

Близок руски сојузник на Лукашенко изјави дека утрово имал долг разговор со Путин.

Русија ја искористи белоруската територија за да изврши повеќекратна инвазија на Украина, а Украина објави дека белоруската армија во еден момент влегла на нејзина територија.

12.00 Тројца Украинци убиени во напад на нуклеарната централа

Во рускиот напад во кој ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, при што беше запалена зграда во рамките на нуклеарната централа, загинаа тројца Украинци, соопшти украинската нуклеарна компанија.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Мариано Гроси, изјави дека административната зграда во кругот на нуклеарната централа била опожарена од проектил истрелан од руска страна. Тој исто така рече дека нема испуштање на радиоактивен материјал.

 

11:40 Зеленски: Нападот на Запорожје можеше да биде како шест Чернобили

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад на нуклеарната централа Запорожје можел да предизвика уништување „како шест Чернобили“.

„Преживеавме ноќ што можеше да го запре текот на историјата – историјата на Украина, како и на Европа“, рече Зеленски во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека Русија знаела што прави кога ја гранатирала зградата во комплексот на нуклеарната централа Запорожје и тоа го нарече „терор на невидено ниво“.

11:30 Хрватското воено аташе ја отфрли руската нота: „Не знаеме за хрватски борци во Украина“

Хрватското воено аташе во Москва одби да ја прими нотата од руското Министерство за одбрана за наводното пристигнување на 200 хрватски платеници во Украина.

11:20 Порошенко: Не плашете се од Путин и не верувајте му!

„Бев во преговори со Путин пред неколку години. Ве молам, не му верувајте на Путин бидејќи тој никогаш не се држи до неговите зборови. Не плашете се од Путин. Учете од Украина, ние не се плашиме од Путин, го запираме. Стоиме со оружјето во наши раце и не му дозволуваме да оди понатаму. Ќе го победиме, иако без вода и без храна“, изјави Порошенко за Би-Би-Си.

11:10 Столтенберг: Нападот на нуклеарната централа ја покажува заканата од оваа војна

„Ова само ја покажува непромисленоста на оваа војна, важноста да се стави крај и важноста Русија да ги повлече сите свои војници и да се вклучи во дипломатски напори со добра волја“, рече Столтенберг.

10:57 Светска банка итно ќе одобри 460 милиони евра за Украина

Светската банка го зголеми износот на итен паричен заем за Украина на 460 милиони евра (509 милиони долари) со придонеси од Шведска и Холандија.

Одлуката треба да биде одобрена денеска од бордот на директори на таа меѓународна финансиска институција, пренесува Ројтерс., повикувајќи се на два извори запознаени со трансакцијата.

10:40 Меѓународниот кривичен суд започна истрага за злосторства во Украина

Истражители ќе проверуваат дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот.

10:30 Лукашенко потпиша – во Белорусија пристигнува нуклеарно оружје

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја потпиша одлуката за промена на Уставот по референдумот. Новиот устав дозволува нуклеарно оружје на белоруска територија за прв пат откако земјата се откажа од него по распадот на Советскиот Сојуз.

10:25 Руската амбасада бара од САД да ја осудат изјавата на сенаторот Греам за убиство на Путин

Руската амбасада во Вашингтон побара од САД официјално да ја објаснат и осудат изјавата на сенаторот Линдзи Греам за рускиот претседател Владимир Путин.

Сенаторот Греам, републиканец кој ја претставува Јужна Каролина во американскиот Сенат, претходно на Твитер праша дали Русија го има Брутус или има поуспешен полковник Стауфенберг во руската армија, познат по обидот да го убие Хитлер.

10:21 „Тајмс“: Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат

Британски „Тајмс“ неодамна објави дека платеници од т.н Вагнер групa и чеченските специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.

10:20 Русија: Нуклеарната централа ја запалија Украинците, монструозна провокација

Руите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинците. Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот околу електраната и го нарече „монструозна провокација“.

10:10 (Видео) Најголемиот авион на светот е комплетно уништен

09:50 Русија: Затворска казна за ширење лажни вести

Долниот дом на рускиот парламент усвои закон со кој се забранува ширење на лажни информации за вооружените сили. Со новиот закон се заканува и со затворска казна.

Законот, усвоен од Државната дума, воведува казни и затвор за лицата кои намерно шират лажни информации за вооружените сили, што може да предизвика сериозна штета на државата, се вели во соопштението на рускиот парламент.

09:00 Американски сенатор повикува на убиство на Путин

Американскиот сенатор Линдзи Греам на социјалните мрежи повика на убиство на рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина.

„ Како завршува ова? Некој во Русија мора да скокне … и да го убие овој човек“, изјави сенаторот за „Фокс њуз“.

08:50 Украина: Русите ја зазедоа нуклеарната централа

Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина објави дека областа на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, била окупирана од руската армија.

8.40: Агенцијата за атомска енергија: Во пожарот на нуклеарката не е оштетена основната опрема

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека украинскиот регулатор соопшти дека нема промена во пријавените нивоа на радијација и дека пожарот не ја зафатил основната опрема.

NOW – Gunfire, shelling outside Europe’s largest nuclear power plant in #Zaporizhya, Ukraine. pic.twitter.com/WWDutA453A

— Disclose.tv (@disclosetv) March 4, 2022

08:31 Изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна центрaла во Европа

Украинските итни служби кажаа дека успеале да го изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа, која ноќеска била нападната од руските сили. Како што објавија властите, пожарот бил предизвикан од неколкучасовното интензивно гранатирање и дека таму веќе нема борби.

Светските лидери и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) го осудија нападот, додека САД го активираа својот Тим за одговор на нуклеарни инциденти. Оттаму додаваат дека се запалил петкатен тренинг објект и дека огнот не се проширил на самата централа.

Майданчик Запорізької АЕС захоплений російськими військовими https://t.co/crPROn4iyS

— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) March 4, 2022

08:30 Австрискиот претседател оптимист: Уверен сум дека конфликтот во Украина ќе го ставиме под контрола

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се надева на примирје во Украина, но стравува дека ситуацијата во таа земја нема толку брзо да се смири.

„ Убеден сум дека овој конфликт ќе го ставиме под контрола“ изјави Ван дер Белен за јавниот сервис ОРФ, додавајќи дека не се осмелува да го спомене временското ограничување.

08:14 – Орлов: Гранатирањето на „Запорожје“ утринава престана, ситуацијата и натаму е тешка

Дмитро Орлов, градоначалникот на украинскиот град Енергодар, во близина на кој се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, утринава изјави дека ситуацијата во нуклеарната централа се уште е тешка, иако гранатирањето престана.

08:14 – Шолц: Германија е подготвена да купува гас не само од Русија, туку и од други добавувачи

Германија прави максимални напори да добива гас не само од Русија, туку и од други добавувачи, изјави канцеларот Олаф Шолц за германскиот телевизиски канал ЗДФ.

08:13 – Нема жртви, но има ранети во нападот врз нуклеарната електрана Запорожје

По извршениот увид во петкатницата за обука на нуклеарната електрана Запорожје во Енергодар, констатирано е дека гореле просториите на третиот, четвртиот и петтиот кат. Жртви нема.

08:12 – Блинкен на средба со министрите за надворешни работи на НАТО поради руската инвазија

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска ќе има средба во Брисел со министрите за надворешни работи на НАТО, во врска со руската инвазија на Украина.

08:11 – Русија одбила да присуствува како набљудувач на воената вежба на НАТО во Норвешка

Русија одби да присуствува како набљудувач на претстојната вежба на НАТО во Норвешка, на која ќе учествуваат околу 30.000 војници на Алијансата од 27 земји.

08:06 – Шолц бара од Шредер да ги прекине деловните врски со Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании, јави ДПА.

08:05 – Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа

Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми.

08:05 – Во Чешка од денеска стапува на сила вонредната состојба поради бегалците од Украина

Во Чешка од денеска стапува на сила вонредната состојба прогласена од владата поради големиот прилив на бегалци од Украина.

07:50 – Исплатата на заемот од Светска банка за Украина расте на 460 милиони евра

Итната исплата на готовина од Светска банка за Украина ќе порасне на 460 милиони евра со донаии од Шведска и Холандија и ќе биде поднесена на одобрување одборот денеска, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори запознати со трансакцијата.

07:49 – ОН очекуваат дека од Украина ќе побегнат десет милиони луѓе

Од тој број, околу четири милиони луѓе би можеле да побегнат во соседните држави, но тоа е само проценка, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе

Објавено пред

Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.

„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.

Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.

„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.

Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.

По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.

Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.

Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Објавено пред

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.

dobivaj vesti na viber

Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.

Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар

Објавено пред

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.

dobivaj vesti na viber

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони евра ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија40 минути

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија41 минута

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет55 минути

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет4 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет4 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет5 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија5 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа5 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија18 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија19 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија21 час

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија21 час

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ22 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија22 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија1 ден

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија1 ден

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...