Билтен
Ирачките сили влегоа во центарот на Мосул – борба околу симболот на IS, големата џамија Ел Нури
Ирачките сили влегоа во центарот на Мосул. Епицентарот на борбата е околу симболот на градот, Големата џамија Ел Нури, пренесе во четвртокот РТС.
Во 2014 година, Ел Багдади токму во оваа џамија го прогласи Исламкиот калифат. На верскиот објект се уште се вее црното знаме на Исламската држава, посочува новинарот на РТС.
„Сè е уништено, вели новинарот, најголемите борби се водат на јужната страна од Мосул и околу мостовите„.
Ирачките сили го презедоа железениот мост кој води кон стариот дел на градот. Тоа е третиот најголем мост што е под контролира на ирачката армија.
Од вкупно пет моста на реката Тигар, кои го поврзуваат источниот и западниот дел на Мосул, три се во рацете на регуларните сили на Багдад.
Стариот дел на Мосул е полн со тесни улици, поради тоа во нив не можат да влезат оклопните возила на ирачката армија. Затоа се водат тешки улични борби, но сепак силите на ирачката армија полека напредуваат кон џамијата Ел Нури.
На теренот има голем број на автомобили-бомби и снајперисти во секоја улица.
Стотици луѓе бегаат од Мосул. Не се знае точно колку илјади цивили го напуштиле остатокот од градот, кој е бомбардиран од воени хеликоптери. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
