Контакт

Билтен

Комерсант: Воениот авион Ту-154, кој падна кај Сочи, контролирано слетувал кон водата!?

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Воениот авион Ту-154, кој се урна над Црното Море, воопшто не е паѓал. Авионот контролирано слетувал кон водата, леталото било управувано од командантот на летот, пишува весникот “Комерсант“. Повикувајќи се на извор близок до воено-техничката комисија, весникот забележува дека при 3D-моделирање на летот, се покажало дека авионот полетал во нормален режим.

 

Потоа екипажот “исто така не извршил ниту една од традиционалните во слични случаи грешки – авионот не губел брзина, не е влегувал во т.н.критични агли на напад и воопшто не бил во насока на паѓање”, пишува весникот. По една минута, откако се одвоил од патеката, авионот се издигнал на околу 250 метри, брзината била од 360-370 километри на час. Веднаш потоа, во пилотската кабина настанала  “брзо растечка вонредна состојба”.

 

“Таа се изразува во тоа што пилотот – командантот на екипажот Роман Волков, кој наместо да продолжи да го води леталото да граби кон височина, тој фактички го сменил правецот на летање – авионот го ставил во режим на слетување. Ту-154, како што е прикажано со  моделирањето, во текот на 10-та секунди, до самиот допир со водата,  пилотот ја намалувал висината од т.н. контролиран лет”, се вели во статијата.

 

Меѓу причините кои весникот ги наведува, повикувајќи се на своите експерти, е “дезориентацијата на пилотот во просторот”. Други фактори кои би можеле да влијаат на трагедијата, се “замор на екипажот и емоционално растројство на пилотите”. На крајот на декември началникот на службата за безбедност на воздушните летови во воената авијација на Русија, генерал-полковник Сергеј Бајнетов, наведе повеќе верзии за инцидентот, кои биле над 15-ет, но подоцна нивниот број е намален.

 

Според ФСБ основната верзија за несреќата со Ту-154 е паѓање на предмети од моторот, неквалитетно гориво, грешка при пилотирање и техничка неисправност. Знаци за извршување на терористички акт не се откриени.  На 25 декември воениот авион Ту-154 на руското Министерство за одбрана, требаше да лета за Сирија, но падна во Црното Море веднаш по полнењето на гориво на аеродромот Адлер во Сочи.

 

На  авионот имаше 92 лица: 8-членови на екипажот и 84 патници, меѓу кои осум воени старешини,  64 лица од Академскиот ансамбл “Александров”, девет новинари од руски медиуми и двајца федерални функционери. Остатоците на урнатиот авион беа пронајдени на дното на Црното Море на 17 км. од брегот./крај/мф/кс

 

 

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Daily news

„Априлијада“ во чест на Денот на шегата

Објавено пред

Традиционалната „Априлијада“, по повод 1 април – Денот на шегата, ќе се одржи во сабота од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, а на која се очекува да учествуваат деца од сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината.

dobivaj vesti na viber

Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, а за крај и настап на Диџеј.

Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда. /крај/мф/ст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет11 часа

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет11 часа

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија12 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...

Регион12 часа

Петков: На Македонија треба да и се каже дека за во ЕУ мора да се отстрани омразата

Зборувајќи за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поранешниот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) изјави:...

Економија14 часа

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува...

Регион15 часа

Бугарскиот пратеник по протерувањето од Македонија: Очекувам остра реакција од Бугарија и ново вето за Северна Македонија

Ангел Георгиев во саботата отпатува да ја одбележи 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да го посети гробот на...

Македонија17 часа

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион17 часа

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија18 часа

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион18 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија21 час

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион21 час

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија21 час

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет22 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион22 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет23 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет23 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија1 ден

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....