Македонија
Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите.
„ТВ-дуелот е добра алатка за соочување за време на изборитe. Јас се надевам дека З. З. ќе се охрабри и ќе излезе на дуел да ги соочиме аргументите за тоа дали блескаме и сме на прав пат или ѝ треба обнова на Македонија. Јас веќе кажав дека имам прифатено неколку понуди и стојам на располагање“, рече Мицкоски.
Што се однесува до листите на кандидатите за пратеници, Мицкоски најави дека помеѓу први и петти март ќе се знаат имињата на носителите на листите, а не подоцна од 10 март и листатата на кандидати за пратеници.
„На листите ќе се бидат луѓе што првпат ќе се појават на нив, но ќе има и кандидати за пратеници што се искусни, и тоа заради поефикасна работа и улога во работата на парламентот“, рече Мицкоски.
Во однос на случајот „Рекет“, Мицкоски уште еднаш повтори дека институциите се на потег да го расветлат случајот и, како што рече, да ја откријат главата на октоподот.
„Јасна е ситуацијата – која е главата на октоподот во случајот „Рекет“ – и тука не треба да решаваме ребуси. Вчера слушнавме како Зоран Заев бара правда, но, најверојатно, неговиот обид за правда е барање нова амнестија. Притвореничката Јанева, за која З. З. тврдеше дека само еднаш се сретнала со него, во ПИ-мерките се покажа дека таа се среќавала со многу други луѓе блиски до Заев, неговиот брат, братучед и тоа не биле разговори за критика за романи, туку за бизнис-зделки. Ако Јанева одела на средба во Владата, сигурно не се среќавала со обезбедувањетo, туку со браќата или братучедите. Затоа, уште еднаш барам транспарентен и целосно законски процес на институциите што сега се на потег“, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш спомена дека законот за Јавното обвинителство и законот за Советот на јавните обвинители биле донесени со кршење процедури и Устав, но дека народот сфатил и на 12 април граѓаните нема да го простат тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.