Uncategorized
Росица Мршиќ ја претстави најновата модна колекција
Росица Мршиќ синоќа во своето студио ја претстави својата најнова колекција за пролет – лето за 2010 година.
Росица Мршиќ синоќа во своето студио ја претстави својата најнова колекција за пролет – лето за 2010 година.
За прв пат во Македонија се презентираше колекција што подразбира комплетна понуда за изгледот на една жена.
„Инспирана сум од еден австриски уметник, ја презедов идејата за да го претворам тоа во модна колекција и нормално јас тоа го надополнив со мои идеи, за да се запази мојата карактеристика“, изјави Мршиќ и додаде дека нејзините креации се наменети за секојдневниот живот на секоја жена која се пронаоѓа во тој стил.
Нејзината колекција беше промовирана во рамките на Модната недела која се одржуваше од 9 до 14 март, а на неа учество зедоа, модни фотографи, дизајнери и студенти кои ги изложуваа нивни дела, а со оваа промоција и официјално се затвора Модната недела./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.