Uncategorized
Пет години од 11/9 – Ал Каеда одново се заканува
Петтата годишнина од најгрозоморниот и најспектакуларниот терористички напад на сите времиња, авио нападите во САД, денеска е одбележана со нови закани од Ал Каеда, терористичката мрежа одговорна за нападите.
Петтата годишнина од најгрозоморниот и најспектакуларниот терористички напад на сите времиња, авио нападите во САД, денеска е одбележана со нови закани од Ал Каеда, терористичката мрежа одговорна за нападите.
Додека Американците и целиот свет оддаваат почит на илјадниците жртви, вториот човек на Ал Каеда Ајман ал – Завахири, се закани дека следни цели на нивните борци се Персискиот залив и Израел.
„Не треба да губите време на зајакнување на силите во Ирак и Афганистан, затоа што, и онака, сте осудени на пораз…подобро би било да ги збиете редовите во другите две области. Прва област е Персискиот залив, а потоа, на ред е Израел“, изјави Завахири во видео пораката пренесена од CNN и други медиуми.
Завахири изјави дека „новите случувања се на пат“ и ги повика муслиманите да го интензивираат својот отпор кон Соединетите Американски Држави.
Тој ги обвини владите на Египет, Јордан и на Саудиска Арабија за учество и одговорност за убивањето на муслиманите на Блискиот Исток.
Засега нема коментари во Вашингтон на изјавата на Завахири. Тие се очекуваат од американскиот претседател Џорџ Буш, кој денеска ќе и се обрати на нацијата по повод годишнината од 11/09.
Администрацијата на Буш побара од американските телевизиски мрежи да го ослободат ударниот термин – 21,00 часот по вашингтонско време, за директен пренос на обраќањето на претседателот од Овалната соба во Белата куќа.
Пред говорот, Буш, се очекува да ги посети Њујорк, Пенсилванија и Пентагон, местата на кои пред пет години беа извршени терористичките напади во кои загинаа близу 3,000 лица.
Атентатите од пред пет години ги извршија 19 терористи на Ал Каеда, киднапирајќи 4 цивилни авиони со кои удрија во двете згради во Светскиот трговски центар(СТЦ) во Њујорк и во зградата на Пентагон, близу Вашингтон. Едниот од киднапираните авиони се урна во Пенсилванија, а неговата претпоставена цел била Белата куќа.
Во атентатите загинаа вкупно 2.973 лица. Од тоа, само во Њујорк имаше 2749 жртви на терористичките напади.
Два авиона во растојание од 17 минути удрија во “кулите близначки“ на Светскиот трговски центар (СТЦ), дотогаш највисоките згради во светот.
Првиот авион Боинг 767, на компанијата „Американ ерлајнс“, со 92 патници, вклучувајќи и пет терористи, удри во горните катови на првата кула во 08:46 по локално време.
Во 09:03 часот, Боинг 767 на „Јунајтед Ерлајнс“ со 65 патници и пет терористи, удри во втората кула на СТЦ, што директно беше пренесувано и од светските телевизиски станици.
Во 09:37 часот Боинг 757 на „Јунајтед Ерлајнс“ со 44 патници и 4 терористи се урна во западното крило на американското министерство за одбрана Пентагон.
Во 10:03 часот по локално време, четвртиот авион се урна во ненаселено место во Пенсилванија. Комисијата што го истражуваше нападот утврди дека целта на овој авион била Белата куќа, но, поради борба во авионот помеѓу патниците и терористите не дошло до планираната реализација на нападот.
Американскиот претседател Џорџ Буш кој во време на атентатите се наоѓаше во едно училиште во Флорида, од безбедносни причини беше префрлен во база на американската армија.
По враќањето во Вашингтон, истата вечер, во обраќањето до нацијата рече дека извршителите на тие “валкани атентати“ ќе бидат казнети и оти нема да прави разлика помеѓу „терористите кои ги извршија атентатите и оние кои ги штитат“.
/крај/х/мс/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

