Uncategorized
Извештај:Повлекување на американската војска од Ирак на почетокот на 2008
Американските сили од Ирак треба да се повлечат до почетокот на 2008 година.
Американските сили од Ирак треба да се повлечат до почетокот на 2008 година.
Ова е препораката во Извештајот на Бејкеровата комисија, што треба да биде објавен следната недела.
Двопартиската Студиска група за Ирак, што ја предводат бившиот американски државен секретар Џејмс Бејкер и бившиот демократски конгресмен Ли Хамилтон, по осумесечна работа состави извештај на 100 страници во кој го презентира планот за повлекување на американските војници од Ирак.
Според овој план, војската треба да се повлече до почетокот на 2008 година, но се препорачува да останат силите за обука, советување и поддршка на ирачките сили за безбедност.
Како дел од тие промени, се препорачува вклучување на американските војници директно во состав на ирачките единици веќе од следниот месец, за да се подобри нивното командување и ефикасност.
Повикот за повлекување на 15 борбени бригади до првите месеци на 2008 година, со кој би се преполовил бројот на војниците од сегашните 140.000, повеќе е условен отколку цврст распоред и би зависел од развојот на теренот.
/крај/хина/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.