Uncategorized
Најмалку 27 загинати при пад на мост врз воз во Индија
Најмалку 27 лица загинаа денеска кога мост се урна врз воз во источната индиска држава Бихар, јавија светските медиуми.
Најмалку 27 лица загинаа денеска кога мост се урна врз воз во источната индиска држава Бихар, јавија светските медиуми.
Како што наведуваат медицински извори, во вагоните на возот заробени се уште 16 лица, а според очевидци, мостот стар 150 години, чиешто демонтирање започнало неодамна, паднал врз воз што поминувал низ областа Бхагалпура, при што повеќето патници загинале на лице место.
Меѓу жртвите има осум жени и две деца, но локалните власти се уште не го потврдија бројот на загинати.
Претставник на индиската железница потврди дека срушениот мост бил во фаза на демонтирање, но оти демонтирањето не се вршело за време на несреќата.
Локалните телевизии јавија дека делови од мостот започнале да се рушат уште минатата седмица и оти останатиот дел од мостот се срушил поради вибрацијата предизвикана од поминувањето на возот.
Во меѓу време индиските власти ја обвинија железницата за негрижа која што резултираше со трагедија.
/крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.