Uncategorized
Обилни дождови во Франција предизвикаа сериозна штета
Неколку прометниавтопатишта се непроодни, а стотици луѓе се евакуирани од централна и источнаФранција поради обилни врнежи од дожд што предизвикаа и сериозна штета.
Неколку прометниавтопатишта се непроодни, а стотици луѓе се евакуирани од централна и источнаФранција поради обилни врнежи од дожд што предизвикаа и сериозна штета.
Автопатот А6, кој ги поврзува Паризи Лион,неколку часа беше непрооден во една насока, а поради поплави прекинат есообраќајот на автопатот А47 меѓу Лион и Сент Етјен.
Улиците во некои населени места сепрекриени со кал.Јужно од Лион, реките поплавија околу 200 возила и продавници.Прекинат е и доводот на електрична енергија и телефонските врски, а околу 200луѓе се евакуирани.
На подрачјето на Лион врнежите оддожд престанаа, но, на некои делови од Франција, според метеоролозите, им сезаканува невреме.
/крај/х/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.