Контакт

Билтен

Наумче Мојсоски втор пат стана татко

Објавено пред

Ракометарот Наумче Мојсоски во вторникот втор пат стана татко. Веста дека сопругата Марија го родила нивниот втор син, ракометарот ја објави на социјалната мрежа Facebook.

dobivaj vesti na viber

„Денес е среќен ден за нас. Дојде на свет нашето второ синче, нашата втора гордост, нашиот Стефан. И благодарам на храбрата мама, мојата Марија. Поздрав до сите од фамилија Мојсоски, напиша Мојсоски на Facebook.

Наумче и Марија веќе го имаат синот Кристијан кој наскоро ќе наполни четири години. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет6 часа

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија9 часа

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија11 часа

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија13 часа

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ14 часа

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...

Македонија15 часа

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија17 часа

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет17 часа

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа17 часа

Романците го слават новиот претседател: „Русијо, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...

Свет18 часа

Бајден има неизлечив рак на простатата: син му почина од тумор на мозокот на 46-годишна возраст

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите...

Европа19 часа

Британската влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да...

Свет1 ден

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќна ракета, нејзиниот дострел е повеќе од 10.000 км

Русија има намера да изврши тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и...

Македонија1 ден

СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата...

Свет1 ден

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив...

Македонија1 ден

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема...

Свет1 ден

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...