Црна хроника
Приведени девет женски лица во угостителски објект во Слупчане
За време на акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане, кумановско, полицијата затекнала девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода.
Во контролата учествувале Секторот за внатрешни работи Куманово во координација со крим полиција при Министерство за внатрешни работи, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Контролата е извршена по претходно изготвен план поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија. Известен е Јавен обвинител.
Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.