Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајка кај клучката Хиподром
На автопатот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром, вo понеделник во 6 часот и 20 минути се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот.
Како што соопштуваат од полицијата, дошло до судир на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово.По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде што и покрај укажаната помош еден сопатник им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајцата сопатници им биле констатирани телесни повреди.Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци и еден патник во автобус.Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци./крај/миа
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.