Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајка, таткото на еден од повредените починал кога го видел синот повреден
Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи во понеделникот вечерта околу 19 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на бензиската пумпа „Петрол“.
Повредените во сообраќајката преживеаја, но таткото на еден од повредените почина откако го видел својот син повреден во сообраќајката. Спред информациите од СВР Охрид, на татото му се слошило кога стигнал на местото на несреќата и го видел синот повреден. Тој се онесвестил, а на пат кон болницата починал.Во сообраќајката со тешки телесни повреди, односно скршеници на лева натколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид, додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани. Повредените, од местото на незгодата, со возило на брза помош се пренесени бо болницата „Свети Еразмо“ каде се задржани на натамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од сега повредениот Д.Ш. кое по магистралниот пат се движело во правец од Охрид кон Кичево, патничко возило „југо корал“ со охридски регистарски таблици управувано од сега повредениот А.Ј. и патничко возило марка „ауди“ со охридски регистарски ознаки управувано од сега повредениот Г.Т. во кое како сопатник била и сега повредената Н.Т. Патничките возила „југо корал“ и „ауди“ по магистралниот пат се движеле во спротивната насока односно од Кичево кон Охрид.До незгодата дошло во момент кога Д.Ш. возачот на патничкиот автомобил „мерцедес“, на критичното место изгубил контрола и со возилото преминал на левата сообраќајна лента, со предниот дел удрил во левата предна страна од „југото“, а потоа и во предната страна од автомобилот „ауди“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител извршен е увид од крим техника и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Охрид. За време на увидот имаше физичко регулирање на сообраќајот од полициски службеник со наизменично пропуштање на патничките и другите моторни возила./крај/мф/
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.