Села приватно ќе ги тужи напаѓачите, размислува за тужби за Мукоски и Василевски

Села приватно ќе ги тужи напаѓачите, размислува за тужби за Мукоски и Василевски

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во изјава за „Макфакс“ вели дека ја следи истрагата што ја води Основното јавно обвинителство и дека чека да види каков ќе биде резултатот од неа. Села вели дека веднаш штом истата заврши, тој ќе почне со поднесување приватни тужби, но не одговори кон кого конкретно.

„ОЈО сè уште истражува, веднаш штом тие завршат, јас ќе поднесам и приватни тужби“, вели Зијадин Села.

На прашањето дали тие тужби ќе бидат и за лицата кои ги отвориле вратите, тој не одговори конкретно, но не ја исклучи можноста за тоа. Инаку, петте лица обвинети за нападот на Села, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење претрес во нивните домови. Половина година по крвавите настани, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои според видеоматеријалите објавени во јавноста ги отворија собраниските врати, но и организаторите на протестот сè уште не се повикани во обвинителството.

К. Ландов