Македонија
СДСМ и ДУИ покренаа постапка за отповикување на Претседателот Иванов
СДСМ и ДУИ покренаа постапка за отповикување на претседателот Ѓорге Иванов поради одлуката за аболиција на 56 политичари кои се инволвирани во аферата за прислушување.
Иницијативата на пратениците од СДСМ, на која се потпишаа и пратениците од владејачката албанска партија ДУИ, за утврдување на одговорност на шефот на државата Ѓорге Иванов поради одлуката за аболиција на 56 политичари кои се инволвирани во аферата за прислушување влезе во собраниска процедура.За да помине оваа иницијатива во Собранието се потребни 82 гласа, односно двотретинско мнозинство, што опозициските партии и владејачката ДУИ заедно не можат да ги соберат. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, е должен по оваа иницијатива да формира комисија, која за седум дена од формирањето мора да даде извештај, а парламентот ќе мора да заседава за седум дена од поднесувањето на извештајот. Кога пратениците ќе расправаат за иницијативата, претседателот на државата може да одговори писмено или лично да се обрати пред пратениците.Во меѓувреме ДУИ писмено побара од Иванов да си го одржи зборот и да ја повлече одлуката за аболиција, бидејќи, сега, Собранието му ги овозможи законските услови за тоа. Иванов во изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ рече дека ако е потребно, уште еднаш би ја донел истата одлука за аболиција.Не се знае како Иванов ќе постапи со личните барања за повлекување на аболицијата, што се веќе поднесени, а како што информираа од неговиот Кабинет такви барања досега писмено поднеле Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Трајко Вељановски, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Лиле Стефанова, Бедредин Ибраими, Живко Пејковски, Владимир Талески и Божидар Јанковски.Со последните измени во Законот за помилување, кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, претседателот на државата е должен да ја повлече аболицијата ако помилуваниот тоа го побара во рок од 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.