Контакт

Домашен

Стартува Мундијалот во Катар, Македонија сонува четвртфинале

Објавено пред

Со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Бразил, во четврток (18:30 ч), ќе започне 24-то Светско првенство во ракомет. На шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу кои е и Македонија, која четврти пат е дел од светскиот ракометен собир. Титулата на првенството ќе ја брани Шпанија, која пред две години на домашна почва триумфираше пред Данска и Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Ракометниот Мундијал кое ќе се игра во два града (Доха и Лусаил), кои еден од друг се оддалечени само 24 километри, ќе биде најскапото и без сомнение најдобро организараното уште од 1939 година кога се одигра првото светско првенство.Натпреварите на СП ќе се игра во три сали, најголема со капацитет од 15.300 седишта е Лусаил Спорт Арена, капацитетот на салата Али бин Хамад ал-Атијах изнесува 7.700 седишта, додека најмал капацитет од 5.500 седишта има салата Дубаи Хандбал.Првенството во Катар е прво кое ќе се игра во Азија по Мундијалот во Јапонија кое се одржа во 1997 година, а исто така ќе биде и прв на кое ќе се игра топките на производителот Молтен, познат по производство на кошаркарски топки и чие седиште се наоѓа во Хирошима.Катар не штедеше пари за организација, па според информациите за организација на Мундијалот потрошил 80 милиони евра. Исто така, домаќинот има намера и на теренот да остави добар впечаток па поради тоа состави репрезентација во која има неколкумина квалитетни ракометари од балканските простори.Титулата во Катар ќе ја брани Шпанија, која на Мундијалот ќе настапи без својот главен адут голманот Арпад Штербик. Шпанците пред две години триумфираа во конкуренција на Данска и Хрватска. Токму овие три селекции заедно со Франција се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за распределба на медалите и на овој Мундијал.Покрај споменатите четири селекции како фаворити од сенка ракометните познавачи сметаат дека Полска, Шведска и Германија можат да се вмешаат во борбата за медали.Дел ракометниот спектакл во Катар ќе биде и македонската репрезентација, која и на ова големо натпреварување ќе биде предводена од најдобриот стрелец во историјата на едно СП, Кире Лазаров.Катар ќе биде четврто СП на кое учествува Македонија, на претходните три Египет 1999, Хрватска 2009 и Шпанија 2013 ‘црвено-жолтите’ во конечниот пласман завршуваа на 18-то, 11-то о 14-то место. Македонија на СП-а има одиграно 22 натпревари со скор од осум победи, 13 порази и еден нерешен резултат. Целта на оваа репрезентација која од клупата ја предводи Ивица Обрван е да се стигне до седмото место кое оезбедува настап на квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Македонија во првата фаза на СП ќе игра во Б групата заедно со Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и Иран. Според сите прогнози Хрватска е фаворит за првото место, Иран е аутсајдер, а останатите четири селекции ќе се борат за местата кои водат во осминафиналето.Македонија Мундијалот ќе го отвори в петок против Тунис, натпреварот ќе започне во 15 часот. Останатите натпревари македонската репрезентација ќе ги одигра во терминот од 17 часот, редоследно противници на ‘црвено-жолтите’ ќе им бидат Иран (17.јануари), Босна и Херцеговина (19.јануари), Хрватска (21.јануари) и Австрија (23.јануари). Составот на Македонија:Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Дејан Манасков, Владо Недановски, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Ванчо Димовски, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Велко Марковски и Ацо Јоновски./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 часа

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија18 часа

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија18 часа

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија18 часа

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет18 часа

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија20 часа

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија21 час

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет1 ден

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет1 ден

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет2 дена

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ2 дена

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ2 дена

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија2 дена

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион2 дена

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет2 дена

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија2 дена

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија2 дена

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион2 дена

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...