Регион
Изетбеговиќ со порака до Додик: Секој оној што удира на државата ќе добие одговор
Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) не се откажува од заканите кон претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, на кого претходно му предвиде судбина „слична на онаа на Моамер Гадафи и Садам Хусеин“, пренесуваат босанските медиуми.
Изетбеговиќ во рамките на предизборната кампања за локалните избори во БиХ изјавил дека смета оти „Милорад Додик денес е доста загрижен човек“. „Не треба да се игра со институциите на државата и мислам дека по ова на никој нема да му падне на памет да го направи оној тежок референдум со кој се гордееја. Не можеше да го рушите мировниот договор, а да не го срушите мирот во оваа земја“, рекол Изетбеговиќ.
Изетбеговиќ, кој е и актуелен претседавач со Претседателството на БиХ, истакнал дека нема да има „враќање во 90-тите години од минатиот век“ и конфликти, и дека БиХ веќе не е земја којашто е во застој и предизвикува загриженост.
Додик во средата, пак, потврдил дека добил покана од Обвинителството на БиХ за сослушување поради одржувањето на референдумот за прославата на Денот на Република Српска, но повторил дека нема намера да даде изјава во Сараево бидејќи дека смета оти „во тој град животот ќе му биде загрозен“.
Претседателот на Република Српска додал дека е подготвен за соработка со Обвинителството, но на територијата на РС. Додик исто така укажал дека вчерашната одлука за суспенција на главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ говори за тоа колку правосудството и обвинителството се подложни на разни политички влијанија, а пред се на оние од страна на партијата предводена од Изетбеговиќ – Партијата за демократска акција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.