Регион
Турција: Ердоган пристигна во Истанбул, бомбардиран плоштадот Таксим
Авионот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган слета во саботата утрото на аеродром во Истанбул, додека премиерот Бинали Јилдирим порача дека ситуацијата во Турција главно е под контрола, но медиумите јавија дека воен авион извршил напад врз истанбулскиот плоштад Таксим каде закинале најмалку две лица.
За време на обидот за воен удар во петокот вечерта, претседателот Ердоган бил на безбедно, во медитеранското одморалиште Мармарис.
Ердоган пристигнувајќи во раните утрински часови во Истанбул е пречекан од многубројните негови поддржувачи на меѓународниот аеродром „Ататурк“ ,пренесува телевизијата NTV.
Претседателот Ердоган во првите изјави пред своите следбеници рекол дека бил направен обид за бунт „против единството и сплотеноста на Турција“. Истакнал дека сите учесници во обидот за преврат ќе бидат казнети без разлика на тоа каква позицијата заземаат и институција претставуваат, нарекувајќи ги организаторите предавници, пренесува Reuters.
Воен авион нанел неколку воздушни удари на централниот истанбулски плоштад Таксим кој е контролиран од воената фракција која се обиде во петокот вечерта да изврши воен удар во Турција.
„Цела ноќ над плоштадот Таксим, каде што се собираа војници, кружеа авиони, само што фрлија три или четири бомби. Одекнаа силни експлозии“, рекол очевидец за агенцијата РИА.
Потоа авионот направил уште еден круг и фрлил уште три бомби. „Вкупно слушнав шест експлозии. Беше страшно, ударниот бран туркаше од нозе, зградите се тресеа“, рекол локален живот. Тој не можел да каже дали има загинати. „На плоштадот имаше многу војници, колку од нив настрадаа, не знам“, додал.
Претходно беше објавено дека војниците пукале врз демонстрантите кои излегоа на улиците на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и протестираа против превратот. Откако демонстрантите се разбегаа, на плоштадот Таксим кој е симбол на Истанбул, останале само војниците од фракцијата која го изведуваше обидот за удар.
Турските медиуми објавуваат различни информации во врска со жртвите во Истанбул, а телевизијата NTV јави за две жртви, додека во градските болници се примени 150 повредени.
Се јавува за нова серија експлозии и престрелки во областа на турскиот парламент во Анкара, каде што претходно во експлозија на бомба беа ранети 15 лица.
Зградата на парламентот во Анкара рано утрото по локално време беше погодена од уште две експлозии, по едната од претходно., а парламентот беше опколен од тенковите на пучистите.
Еден парламентарен пратеник телефонски јавил во Reuters дека пратениците се кријат во засолништето на парламентот.
Утрото борбен авион „ F-16“ урна над Анкара хеликоптер на заговорниците, а во судирите во седиштето на специјалната полиција беа убиени 17 полицајци.
Во меѓувреме на плоштадот Таксим триесетина војници кои учествувале во обидот за преврат ѝ го предале оружјето на полицијата, јави агенцијата Reuters повикувајќи се на очевидци.
Експлозии и истрели ги потресуваа двата најголеми турски града во хаотичната ноќ. Но во раните саботни утрински часови има многу знаци дека ситуацијата се смирува.
„Ситуацијата во Турција главно е под контрола“, изјави премиерот Бинали Јилдирим во саботата утрото, додавајќи дека обидот за пуч против владата е бунтовнички акт на следбениците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.
„Владата избрана од народот останува на власт. Оваа влада ќе замине само доколку тоа народот го каже“, рече Јилдрим за NTV додавајќи дека над Анкара е воспоставена зона за забрана на летови на авиони. Претходно рече дека сите авиони кои ги контролираат пучистите ќе бидат соборени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.