Uncategorized
Штип добива модерен стадион
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, во вторник, направи увид во реконструкцијата на градскиот стадион и на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Славејко Арсов“ во населба Баби.
Заедно со диреклторот на ЈП „Исар“ , Ангел Бојаџиев беа на градскиот стадион каде пред некој ден заврпи асфалтирањето на атлетската патека по неколку децении.
„Благодарение на спортските работници, општината, градоначалникот и ФФМ, за кратко време успеавме да го реконструираме стадионот на ФК Брегалница. Поставивме осветлување со осум рефлектори, и на барање на атлетичарите ја асфалтиравме и патеката. Сега е во тек тендерска постпака за покривање на трибините. Останува и обврската да го подобриме функционирањето и работата на ФК Брегалница“, кажа Бојаџиев пред новинарите.
Градоначалникот Захариев е задоволен од обновата на стадионот.
„Општина Штип ќе се вложува и понатаму стадионот да биде репрезентативен објект на градот, за нови натпревари и друго. Во постапка сме на уредување на западната трибина која ќе биде покриена, ќе има и нови седишта, а со ФФМ преговараме и помошниот стадион да биде направен со вештачка трева“, рече Захариев.
Според Захариев, претстои реконструирање на четири помали стадиони,во населбите Македонка, Три Чешми, Стар Караорман и кај бањата Кежовица. Тие ќе добијат нова тревната површина и ќе бидат оградени. Планирано е и кошаркашко игралиште до фитнес зоната зад Исарот каде ќе има и скејт парк.
„Што се однесува до патеката, таа ќе има пет ленти, наскоро ЈП Стипон и ќе ја обележи а помошните терени ќе бидат уредени по сите стандарди. Нашите атлетичари имаат и друго место за трчање, каде веќе ќе започне со асфалтирање на патеката од над 3.5 км од Осми ноември до Балканска. За три дена се очекува да заврши асфалктирањето на патеката а таа ќе може да се користи и за возење на велосипеди“, додаде Захариев.
Градоначалникот направи увид и во текот на градбата на новата спортска сала во населба Баби:
„При крај сме и на изградбата на салата. Тоа е ретко училиште во градот кое е без сала. Сакаме да направиме и една мала сала во населба Три Чешми и се надевм дека и тоа ќе го завршиме. Во другите училишта имаме реконструирани сали и мислам дека не само што го исполнуваме нашето ветувањ дадено на жителите на населба Баби, туку обезбедивме и ова школо да добие спортска сала која ќе биде убава“, додаде Захариев.
Салата се очекува да биде завршена до март идната година а инвеститор е Министерството за образвание додека Општината помогна во конструкција на водовод, канализација и пристапен пат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

