Контакт

Daily news

Зошто мажите не плачат?

Објавено пред

Драги родители, поттикнувајте ја секојдневно емоционалната интелигенција на своите деца, бидејќи друг никој нема тоа да го направи.

dobivaj vesti na viber

Многу студии потврдуваат дека децата кои биле вклучени во програми наменети за раст и развој на социо-емоционални вештини се помалку агресивни, помалку анксиозни и дека подобро ги решаваат проблемите од своите врсници кои не биле вклучени во слични програми. Покрај тоа, добро развиените социјални и емоционални компетенции на рана возраст, директно се поврзани со идните академски успеси и состојбата на менталното здравје. Со други зборови, кога децата ќе научат како самите да се смират, како да ги изразат своите чувства и како да се однесуваат кон другите, создаваат цврст темел за иден успех и благосостојба. Накусо, еден од подобрите показатели за среќа и задоволство во животот е степенот на емоционалната интелигенција. Колку децата ни се емоционално поинтелигентни, толку ќе бидат посреќни!

Што е воопшто социјална интелигенција?

Да се биде емоционално интелигентен значи да се знае на прифатлив начин да се изрази својата среќа, тага и лутина. Благодарение на социјалната интелигенција знаеме дека живееме во хармонија со другите, дека имаме самодоверба, дека сме подготвени да се соочиме со проблемите и дека знаеме да прифатиме критика, а дека истовремено сме во состојба животните проблеми да ги претвориме во нешто конструктивно и на крај позитивно за нас самите.

Тие лица кај кои е развиен овој вид на интелигенција поседуваат можност за емпатија, во состојба се да препознаат емоции кај другите, знаат да ги проценат своите можности, да се мотивираат и да ги надминат животните фрустрации.

Како изгледа тоа во нашите краишта

Кај нас на емоционалната интелигенција се гледа често со потсмев и сексистички. Често се смета дека е целосно непотребна и дека не е добро да се покажуваат чувствата, па дури и не е пожелно ни да се има, како на пример тагата. На секое игралиште ќе слушнете Машките не плачат! – Гледај колку си неубава кога плачеш… итн.

Значи, ние на своите деца не им дозволуваме ни да ги имаат сите чувства, а изразувањето на истите кај нас е едно од многуте табуа.

Ако се осврнеме на системот на образованието од најраната возраст па до крајот на основното или средношколското образование, ќе дојдеме до една лоша вистина дека во најмала рака не се води сметка за емоционалното здравје. Дури да бидеме отворени, можеме да констатираме дека нашата програма не ја препознава таа категорија.

Децата кои живеат на поднебјето на поранешна Југославија се скратени од една важна компонента на интелигенцијата, а тоа е емоционалната!?

Малку за истражувањата

Многу истражувања потврдиле дека со развивање на емоционалната интелигенција кај детето, директно влијаеме на неговата можност да биде среќно во идниот живот. На тој начин го учиме да ги разбере своите емоции, да комуницира сталожено, да развива позитивни односи, да се справува со конфликти на ненасилен начин, да се поврзува и да остварува блискост и да донесува одговорни одлуки.
Некои од конкретните показатели укажуваат дека децата кои поминале низ еден вид на програма за стекнување на емоционални и социјални вештини покажале:

– Напредок од 23 отсто на социјални и емоцинални компетенции (пријателство, сочувство, подготвеност да помогнат на другите…)
– Намалување за 11 отсто на анксиозноста и за 9 отсто агресивно однесување.
– Подобрен е училишниот успех за 11 отсто.

Па што тогаш ќе биде со нашите деца кои посетуваат градинки и училишта во чии рамки поттикнувањето на емоционалната интелигенција е непостоечко или само во траги? Како нашите деца ќе бидат компететивни на пазарот на трудот кога токму емоционалната интелигенција придонесува за успех и на тоа поле? Можеби токму нискиот степен на емоционална интелигенција на овие простори е феномен кој придонесува за зачестени судири, периодични војни и насилства.

Драги родители, поттикнувајте ја секојдневно емоционалната интелигенција кај своите деца, бидејќи друг никој нема да го прави тоа.

Еве и како…
1. Читајте на своето дете и со своето дете, приказни, сказни и секое друго прилагодено четиво, бидејќи тоа помага на детето да ги разбере основните чувства.
2. Разговарајте со своето дете. Во моменти на среќа и тага, вашето дете ве гледа. Зборувајте му за своите чувства со едноставен и разбирлив речник.
3. Помогнете му на детето да го именува она што го чувствува.
4. Не му забранувајте на детето некои емоции, како што е тагата. И машките имаат право да плачат!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ1 час

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет1 час

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија7 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија10 часа

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија10 часа

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ10 часа

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија13 часа

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет14 часа

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија14 часа

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ1 ден

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....

Македонија1 ден

Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар...

Македонија1 ден

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање...

Македонија1 ден

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија1 ден

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија1 ден

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија1 ден

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...

Топ2 дена

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...