Контакт

Анализи

Путин во Унгарија, најголемиот руски сојузник во ЕУ

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот попладнето ќе престојува во посета на Унгарија каде што ќе се сретне Виктор Орбан, кој се оценува како негов најголем сојузник во Европската унија, а за европското издание на Politico тоа е показател дека Москва смета на иницијативата на Будимпешта кога станува збор за укинувањето на санкциите на Брисел воведени поради наводната руска улога во украинската криза.

Ова е втора посета на рускиот претседател Владимир Путин на некоја земја членка на Европската унија, откако ланскиот јули престојуваше во Словенија.

Целта на неговата посета, предводејќи голема делегација функционери и деловни луѓе, е зајакнувањето на економската соработка меѓу Русија и Унгарија, и покрај економските санкции од ЕУ наметнати против Москва, којашто одговори со ембарго на увоз на земјоделски и други прехранбени продукти од земјите членки на блокот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е најгласниот во ЕУ, кому повремено му се придружуваат грчките, словачките или други западни државници, во настојувањата да се укинат споменатите санкции, кои беа воведени исклучиво по притисокот врз Брисел од страна на поранешната американска администрација на претходниот демократски претседател Барак Обама.

Кремљ најави дека покрај развојот на економските односи доаѓањето на Путин во Москва е одраз и на личниот однос со унгарскиот премиер Орбан. Имено, двајцата се сретнаа седум пати во последните седум години. Орбан, исто така, пред две години беше првиот европски лидер кој му беше домаќин на Путин веднаш откако црноморскиот полуостров Крим ѝ се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

Европските санкции, меѓутоа, ѝ наштетија и на унгарската економија, па затоа трговската размена меѓу двете земји во која Унгарија во минатото имаше голема полза, ќе бидат во фокусот на разговорите меѓу Путин и Орбан. Според шефот на унгарската дипломатија Петер Сјарто изјави дека поради санкциите, Будимпешта загубила последните три години 6,5 милијарди долари од приход од извозот во Русија.

Двете земји имаат намера и да ја зајакнат соработката на енергетско поле. Специјално ќе разговараат за изградбата на двете нуклеарни реактори во нуклеарката Пакс, во близина на Будимпешта.

Иако се противи на санкциите против Русија, Унгарија досега никогаш не презема официјални гласање против, но на Западот се смета дека тоа би можело да се промени со доаѓањето на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој сака затоплување на односите со Москва.

Орбан во таквата реторика би можел уште повеќе да му се доближи на Путин поради промената на околностите на меѓународната политичка сцена со изборот на американскиот претседател. Унгарскиот челник е ден од ретките во Европската унија кој отворено го поддржуваше Трамп во текот на кампањата и сака „да го слушне рускиот став за можностите за приближувањето меѓу Москва и Вашингтон“, вели Сијарто./крај/мф/сн

Најново

Забава10 минути

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија42 минути

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура1 час

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника1 час

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника1 час

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија1 час

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион2 часа

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...

Македонија2 часа

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...