Контакт

Анализи

Балканските амбасадори во САД сметаат дека за мигрантската криза е потребен обединет одговор

Објавено пред

Загрижувачката мигрантска криза која го зафати Балканот со бранот на сириски бегалци, кои во обид за спас на својот живот ја напуштаат земјата во која владее насилство и транзитираат преку балканските земји, ги обедини амбасадорите на четири европски држави со седиште во Вашингтон и двајца регионални екперти во дебата за улогата на Европската унија и САД во справувањето со досега најголемата мигрантска криза во Европа по Втората Светска Војна, пишува The Washington Diplomat.

dobivaj vesti na viber

Додека амбасадорот на Унгарија во САД, Река Семеркини го застапуваше цврстиот став на  нејзината земја против прифаќањето на новите мигранти кои пристапуваат или транзитираат преку Унгарија, Амбасадорите на три од шесте поранешни југословенски републики како амбасадорот на Хрватска – Јосип Паро, амбсадорот на Македонија – Васко Наумовски и амбасадорот на Црна Гора – Срѓан Дармановиќ, ја потенцираа позицијата на Европа и нејзиниот избор при справување со кризата.

„Македонија не е крајна дестинација, туку единствено транзитна земја на бегалците кои се приморани да ја напуштат својата земја. Во тој случај, за нас би било најлесно да ги пуштиме да преминат преку нашата земја како би стигнале до земјата до која целат”, рече Наумовски. Тој воедно се осврна кон ситуацијата во претходните две недели каде повеќе од 10 илјади бегалци во очај имаа обид за влез на јужната македонско-грчка граница,  од кои  50 илјади беа заробени со затворање на границите на земјите од Европската унија како Австрија, Унгарија и Словенија, а Македонија подигна огради во делови на нејзината граница.

„Тие се обидуваат насилно да влезат, а ние имаме право да ја браниме нашата територија преку користење на соодветни мерки“, изјави Наумовски. Не можам да замислам што би се случувало доколку некој на ваков начин би се обидел да влезе на територија на САД, додаде македонскиот амбасадор.

Четворицата амбасадори и двајцата експерти за Балканот – Францес Трикс, професор на Универзитетот во Индијана и Иван Вејвода од Гермаснкиот Маршај Фонд – имаа свое излагање на 13-ти Април на Конференцијата со наслов „Бегалската криза и нејзиното влијание на САД, Европа и колективната безбедност“. Настанот беше спонзориран од три непрофитни организации Обединетата Македонска Дијаспора, Коалицијата за Југоисточна Европа и Советодавно Тело за Босна и Херцеговина, а организирана од Канцеларијата во Вашингтон на Clements Worldwide, кои обезбедуваат осигурување поврзани сополитички ризици.

Настанот беше одржан непосредно по Договорот од 18-ти март помеѓу Турција и ЕУ кој имаше за цел да го сопре неконтролираниот прилив на мигранти. Според тој договор, лицата кои илегално преминале од брегот на Турција кон грчките острови ќе бидат вратени, додека на Турција ќе и биде дозволено да прати дел од милионите Сириски бегалци од нејзината територија кон ЕУ, преку легален пат. Дополнително, Турција ќе добие милијарди долари преку помош од ЕУ и забрзани разговори за безвизно патување кон ЕУ и разговори за членство во ЕУ.

Според официјални претставници на ЕУ,  бројот од 1,26 милиони кои преминале преку југоситочна Европа во 2015 година е дупло поголем од бројот во 2014 година. Но Сиријците кои бегаат од граѓанската војна во нивната држава претставуваат само 29 проценти од вкупниот број, додека остатокот се лица од Ирак и Авганистан кои исто така бегаат од насилствата во своите држави, како и мешавина од лица од Пакистан, Бангладеш, Африканци и други кои бараат мири и економски можности во Европа.

Од декември 2015 година, преку македонско- грчката граница им беше дозволен премин само на лица од Сирија, Ирак и Авганистан. На сите останати кои опфаќаат граѓани на Иран, Пакистан, Сомалија, Алжир, Мароко, Либан, Еритреја и Јемен им беше забранет преминот. Како што изјави Наумовски, од месец март, преминот им беше забранет и на бегалците од Авганистан, а од 800 илјади лица кои поминаа низ територијата на Македонија во изминатите 12 месеци, само 80 аплицирале за азил, додека останатите избрале да се пријават за азил во побогатите држави како Австрија, Германија и Шведска.

Досега, Германија и Шведска покажаа најголема отвореност кон бегалците и прием на бегалците муслимани за разлика од државите како Франција. Но лидерите во Берлин и Стокхолм го почувствуваа политичкиот удар од гласачите кои се загрижени дека мигрантите тешко прифаќаат вработување и не успеваат да се интегрираат во општеството. Уште една голема грижа се исламските екстремисти кои се инфилтрирани во бегалските бранови кои можат да организираат терористички напади во Европските земји.

„Не се сите бегалци терористи, но постои недостаток на контрола и размена на информации од надлежните институции во Европа, во време на слободно движење на стотици и илјадиници луѓе“, истакна македонскиот амбасадор. „Неколку илјади од нив се тренирани на Блискиот Исток. Потребни беа два напади во Париз и Брисел за да се дојде до заклучок дека и лицата кои се родени во Европа не секогаш ги прифаќаат европските вредности. За жал Европа не дојде до заклучоци од грешките на институциите за разузнавање во САД пред 9/11. Некои европски нации се уште живеат заробени во нивното славно минато“, порача Наумовски.

Спротивно на наведеното, Трикс, чија специјалност е Балканот истакна дека Европа и САД треба да го зголемат бројот на примени бегалци од Сирија не само од хуманитарни причини туку и затоа што Исламска држава ги мрази овие луѓе.

„Сиријците кои доаѓаат во Европа се космополити, едуцирани лица од средната класа. Тие се многу поразлични од мароканците во Брисел кои доаѓаат од села во Северна Африка“, изјави Трикс. „Ова не се објавува од страна на весниците“.

Наумовски се согласи дека претставата за сиромашните бегалци кои немаат ништо друго освен нивната облека е донекаде неточна. Патувањата на овие мигранти се високо организирани и многу од нив користат смарт-телефони за да ја лоцираат рутата и местата за среќавање и имаат парични средства за да си овозможат карти за автобус и хотелски соби во тек на нивното патување преку неговата земја. Како и да е, инеграцијата на оваа странска популација во Европскиот континет е огромен проблем. ЕУ ја плаќа цената на неуспехот во интеграцијата на постојните мигрантски заедници, за разлика од САД. Европскиот концепт на мултикултура се покажа дека е неуспешен, а дури и германската канцеларка Меркел го призна тоа. И како може да очекуваме Европа да интегрира дополнителни мигранти во општеството?“

Вејвода, пак, како експерт за Србија, истакна дека во деведесеттите години на минатиот век, по колапсот на комунистичкиот режим во Албанија, Грција со мнозинско православно население прими околу еден милион Албанци муслимани, без поголем проблем – така што интеграцијата на сириските мигранти (на територија која има повеќе од 500 милиони жители) не е невозможна.

Договорот помеѓу Турција и ЕУ, Вејвода го нарекува пример за „реалполитика“ и истакна дека пристапот на Унгарија во градењето на ѕидови и поставување на мрежи е погрешен. Но бидејќи Германија повеќе не може да одговори на притисокот од бегалската криза, балканските земји кои покажаа гостопримливост према бегалците минатата година беа принудени една по една да ги затвораат границите креирајќи тампон зона во Грција.

„Иако вредностите на ЕУ се познати по почитувањето на слободата и човеките права, тие беа тргнати на страна бидејќи Германија – постапувајќи самостојно – требаше да го намали приливот на бегалци. Се што гледаме сега се однесува на намалување на бројките на било каков начин, а некои активности и не се добра глетка“, рече тој. Слики од полицајци кои користат димни бомби на мигрантите кои протестираат позади оградите во Македонија и Унгарија, на пример, стигнаа до меѓународните медиуми.

„Во текот на разговорите за затворањето на балканската рута, Македонија и Србија немаа одлучувачка позиција, туку само Германија. “ изјави Вејвода. „Никој во овој дел од светот не одлучува самостојно за такви важни прашања. Нашите држави направија многу, за разлика од Унгарија. Ние во Србија го направивме спротивното, не изградивме ѕидови и помогнавме во менаџирањето на бегалскиот бран. А Грција го превзема тоа за што е во можност за го превземе“, додаде Вејвода.

Семеркини од Унгарија, пак, изјави дека проблемот со бегалците во нејзината земја е веќе акутен: 397 илјади бегалци влегле во Унгарија без пасош или документација само во минатата година. Тоа е еквивалентно на 12 милиони илегални имигранти од Мексико во САД и Канада во период од само 12 месеци. Но проблемот според неа е зголемената неинформираност за Унгарија која не ја рефлектира реалната состојба.

„Ние сите сме согласни дека мнозинството луѓе кои пристигнуваат во Европа се жртви на целосно неуспешната меѓународна политика спрема нивниот регион. Тие се исто така жртви на неуспешната политика на Европа која креираше очекувања кои беа невозможни да се остварат.“ истакна таа. “Но тие исто така се жртви на трговија со луѓе. Наша морална обврска е да им помогнеме да си го обноват нивниот живот во нивните земји. Ние сме нивни должници. Треба да почнеме да се фокусираме на нивната реално наместо само да истакнуваме дека ова е хуманитарна криза. Станува збор за многу повеќе од ова“, изјави унгарската амбасадорка.

За таа цел Семеркини се заложи за зголемување за еден процент на помошта на ЕУ кон Јордан, Либан и Турција – трите држави кои имаат најголем број на бегалци од граѓанската војна во Сирија. Но она се спротивстави на сугестијата на најмалку еден од присутните во публиката кој истакна дека острата реторика на Унгарскјиот премир Виктор Орбан го поттикнува крајно-десниот радикализам во форма на анти-имигрантската парија на екстремистот Јобик кој доби поддршка од 11 проценти од гласачите, според анкетите спроведени на 30-ти Јануари.

На 24-ти февруари Орбан изјави дека Унгарија дополнително оваа година ќе одлучува дали да ги прифати мзадолжителните бегалски квоти кои беа усвоени од ЕУ минатата година. Тој изјави дека донесувањето на квотите од страна на Брисел без консултација на 10-те милиони жители во неговата земја претставува „злоупотреба на моќ“

Минатата година, Орбан ги опиша бегалците како „војска“ и нареди поставување на ограда на границата према Србија и Хрватска. И да е така, Семеркини изјави дека зголемувањето на поддршката спрема радикалната десница не е поврзано со изјавите на Орбан. Погледнете ја политичката мапа на Унгарија. Десницата не доби зголемување на политичките позиции во минатата годинаи покрај огромниот бегалски бран кој помина преку Унгарија. Нашата цел во користењето на остра реторика е дека потребата за безбедност е многу важна и ако не одговорите на оваа потреба тогаш радикалната десница добива поддршка“.

Паро од Хрватска, земја која во март објави дека веќе нема да дозволи бегалци да транзитираат низ Хрватска во нивниот пат спрема државите од ЕУ на север и запад, изјави дека балканските земји беа приморани да ги затворат своите граници, иако ова е само привремено решение на многу поголем проблем. „Можете да кажете дека затворањето на Балканската рута-  која е резултат на координирани активности на сите земји долж рутата – е конечно решение. Но, се разбира дека не е. Турција има огромна улога и нема двоумење дека ако сакаме ЕУ да преживее треба да покажеме повеќе солидарност. Но исто така, треба да донесеме стрикни правила за бегалците за да знаат што да очекуваат“, рече Паро.

Минатата година 816 илјади бегалци поминаа низ балканската рута на нивниот пат кон Западна Европа – од кои само 50,834 претходната година. И околу 123 илјади го поминаа овој пат во првите два месеци од 2016 година. Овие бројки се сеуште малечки за разлика од бројот на бегалците кои се наоѓаат во соседните земји на Сирија. Околу 4,8 милиони Сиријци се разпоредени во земјите од Блискиот Исток од кои 2.7 милиони во Турција, 1.2 милиони во Либан,  630,000 во Јордан, 250,000 во Ирак и 130,000 во Египетt

Предлогот на Претседателот Обама да се примат 10 илјади бегалци во фискалната 2016 година беше дочекан со остар отпор од страна на конзервативците кои истакнаа дека на тој начин ќе се овозможи влез на терористи иако бегалците ќе беа подложни на проверки кои траат цела година.  И покрај противењето, Обама продолжи со својот план, иако Конгресот донесе Refugee Program Integrity Restoration Act  за да го блокира приливот на бегалци и да им даде приоритет на лицата кои бегаат од религиски прогони.

Сегашната политичка реторика и наведениот правен акт –  заедно со стравот од муслиманите – се базира на игнорантски однос е за нас е безначаен, изјави Трикс и истовремено истакна дека правниот акт ги фаворизира христијаните и другите малцинства, а ефективно ги блокира повеќето барања за азил поднесени од муслимани.

Поради оваа причина 234 организации се спротивставија на овој акт, вклучувајќи ги  Amnesty International, Jewish Refugee Services и World Council of Churches. Ова ќе има негативно влијание на долг рок. Гостопримливоста спрема сириските бегалци од различни религии е разуен чекор. Ние треба да бидеме пример кој светот ќе го следи, порача Трикс.

Крајна цел, рече Вејвода треба да биде превенцијата да не се случи омразата која доведе до Холокаустот.На луѓето им е потребен жртвен јарец, без разлика дали тоа се евреи или муслимани. Тоа го истакнува најлошото од европската историја. Како деца во бивша Југославија, бевме одмесени да ги видиме остатоците од Холокаустот. Ги читавме книгите и ги слишнавме приказните од жртвите. И покрај тоа мојата земја имаше војна во 1990 година, после престана да постои. Нашите лидери во бивша Југославија не доведоа до екстремите на издржливоста, иако можеа да да ја спречат војната. Лесно е да се разгоруваат чувствата и да се истакнуваат знамиња на најлош можен начин – а тоа е она што го гледаме сега.

Македонскиот амбасадор Наумовски, пак, порача дека „доколку не ви се допаѓа реалноста тогаш имате две решенија: прифатете ја или сменете ја реалноста“. „Мораме да најдеме решение во Сирија, бидејќи кризата нема да се реши сама. Не може да се креираат проблеми и тогаш да се остави на другите да се соочат со последиците“, заклучи Наумовски./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија1 час

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија4 часа

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Македонија5 часа

И средношколците ќе протестираат поради јавниот превоз во Скопје

Сојузот на средношколците го поддржува и ќе учествува на денешниот протест посветен на решавање на проблемот со недостигот на јавен превоз...

Топ5 часа

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија8 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија8 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет9 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа9 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет11 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ20 часа

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје20 часа

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ22 часа

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје1 ден

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија1 ден

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје1 ден

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија1 ден

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје1 ден

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...