Контакт

Анализи

Македонија е сериозен партнер на НАТО, но заслужува и полноправно членство

Објавено пред

Македонија е докажан партнер на НАТО и преку учеството во најголемата мисија на Алијансата, ИСАФ во Авганистан е и дефакто членка на евроатланската организација, е заклучокот од дебатата на тема „Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014“, која се одржа во вторникот.
 

dobivaj vesti na viber

Македонија е докажан партнер на НАТО и преку учеството во најголемата мисија на Алијансата, ИСАФ во Авганистан е и дефакто членка на евроатланската организација, е заклучокот од дебатата на тема „Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014“, која се одржа во вторникот.

 

 

Според шефот на дипломатијата Никола Попоски, Македонија преку учеството во мисиите на Алијансата е сериозен партнер и уште од 2008-та година Алијансата констатираше дека земјата ги исполни сите неопходни критериуми, освен наметнатиот спор за името, кој не е стандарден критериум за членството.

 

„Преку нашето учество во повеќе безбедносни мисии во НАТО, ЕУ, ОН, ние активно придонесуваме за мирот и безбедноста во светот. На самитот во Велс имавме можност да го истакнеме 12-годишниот придонес кој Македонија го има во ИСАФ. Имаме силна посветеност во заедничката борба со нашите сојузници против меѓународниот тероризам, обезбедување на глобален мир и стабилност и споделувањето на заеднички одговорности со земјите членки од Алијансата. И во следните мисии ќе бидеме сериозен партнер и во рамките на сите активности за справување со сите асиметрични закани, кои се главен предзнак за сите предизвици со кои се соочува НАТО. Иако западен Балкан останува стратешки значаен регион за НАТО, на последниот самит не беше утврдена како посебна тема, а веројатно во ова влегуваат и пресметките за да се избегне состојба на декларативно повторување на изјавите без да имаме реален исчекор на некоја од земјите аспиранти за полноправно членство во Алијанса“, изјави Попоски.

 

За периодот по самитот во Велс, земјата има подготвено и стратегија во однос на тоа како да се задржат исполнетите критериуми, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски, додавајќи дека Македонија досега во мисиите во Ирак и Авганистан учествувала со повеќе од 3.500 војници.

 

„Министерството за одбрана и Генералштабот имаат стратегија што да правиме во следниот период, односно како да продолжиме со реформите со цел Македонија и натаму целосно да ги исполнува стандардите за покана за членство во НАТО. Македонија ќе продолжи со учество во новата мисија во Авганистан, во тек е подготовка на нашите мировници кои во почетокот на јануари ќе заминат во Авганистан, а, исто така, веќе почнавме со повеќе активности за да ги подготвиме нашите офицери и војници за учество на мировни мисии, како на ЕУ, така и на ОН. Со сево ова ние докажуваме дека Македонија заслужува да биде дел од евроатланското семејство, Македонија и дефакто е членка на НАТО, бидејќи придонесува во најзначајната мисија на НАТО, ИСАФ и ќе продолжиме да работиме во таа насока“, потенцираше Јолевски.

 

Говорејќи за единствениот услов кој во моментов ја дели Македонија од членството во Алијансата, шефот на дипломатијата Попоски потсети дека грчката страна се обидува да го избегне надмнувањето на наметнатиот спор, што секако има големи последици за земјава, а истовремено е и голем проблем за Алијансата.

 

„Тоа е одраз на една ситуација во којашто Грција, јасно, на ниво на политичко водство, има други приоритети, сака да го одбегне прашањето за името и најдобар начин за тоа е барање на аргументи на други места. Ниту еден од тие аргументи не е релевантен, бидејќи во однос на НАТО во 2008-та година, констатирано е дека ги исполнуваме сите критериуми освен наметнатиот спор за името, кој не е стандарден критериум поставен за НАТО, а за патот кон ЕУ од 2009 веќе шест години последователно Европската комисија констатира дека ги имаме исполнето сите критериуми за почеток на преговорите. Наједноставната дефиниција на ваквиот пристап е фрлање магла и избегнување на одговорноста за немањето на желба да се надмине наметнатиот спор. Ние сакаме да имаме интензивен дијалог кој ќе води кон решение но политичката реалност во овој момент во Атина не е само нешто што ние го констатираме. Објективно, блокадата ни носи негативни последици, а Грција ова го прави многу свесно. Не би можел да говорам во име на други земји членки, но практично сите други земји членки на НАТО оценуваат дека блокадата кон Македонија и немањето интерес за надминување на овој проблем е и проблем за самата Алијансата, нешто што не придонесува за целта, а тоа е мирен, стабилен и перспективен регион“, изјави Попоски.

 

Членството во НАТО, како и во ЕУ, продолжува да биде стратешка цел за Македонија, а според поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН и истакнат дипломат, Срѓан Керим, земјата нема друга алтернатива.

 

„Не сум песимист, иако веќе шест години нé кочат во тој процес на зачленување во НАТО и ЕУ, стоиме пред црвен сигнал на двата колосека, а за да се отвори овој сигнал, сметам дека со активна надворешна политика и со активирање на своите државни интереси треба да се настојува и во НАТО и ЕУ да се создаде клима за да се надмине таа пречка со Грција. Сепак, треба да признаеме дека Грција во 2008-та успеа да го наметне тоа како прашање и во двете институции и од тогаш не е иста состојбата. Македонија дотогаш беше од едната страна, Грција од другата, а НАТО и ЕУ беа меѓу нас. Во 2008-та година Грција успеа да ги испречи пред нас и сега ние треба како држава, со активна дипломатија да ја надминеме оваа состојба, се разбира, пред сé, преку дијалог и договор со грчката страна. Тоа не е едноставно, но самата цел ги оправдува средствата, а целта е повеќе од возвишена, Македонија мора да биде членка на НАТО и ЕУ. Добра опомена е тоа што се случи во Украина, таа е предупредување за сите земји па и за нас, а тоа е дека безбедносните аспекти и функционирањето на државата да ни бидат на ум и да работиме сé што е неопходно за тоа членство да стане реалност“, вели Керим.

 

Еден од можните пристапи за доаѓање до решение, според Керим, е и ангажманот на големите сили, односно САД, Франција и Германија, од која има и интерес за директно вклучување во процесот за решавање на овој проблем. За Керим, одговорноста за изнаоѓањето на решението не е само на Македонија и Грција, бидејќи самите заклучоци во поглед на членството на МАкедонија беа донесени и од лидерите на НАТО и ЕУ, и сега тие треба да влијаат врз грчката страна да прифати да седне на дијалог./крај/мф/бс

 

 

Извор: Текст/Макфакс Фото/МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на...

Економија10 часа

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија10 часа

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија10 часа

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија11 часа

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија13 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија13 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија14 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија15 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија16 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија16 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија1 ден

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија1 ден

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет2 дена

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион2 дена

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет2 дена

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...