Црна хроника
Германец починал на скијање на Попова Шапка
Шест Германци скијале на Попова Шапка, при што најстариот паднал во бесознаение и починал.
Како што соопшти полицијата, во неделата во 14.30 часот во полицијата на Попова Шапка, И.Т. од Кризниот штаб-Тетово пријавил дека на Попова Шапка, поточно на м.в. „Казаниште“, има повредено лице најверојатно странец кој паднал во провалија. За него немале никакви податоци освен телефонски број за контакт, но на наведениот број никој не се јавувал.
Во 16.20 часот во угостителски објект пристигнале лицата Г.М. (34), K.O. (34) и Б.Б.Ц. (39), сите од Германија, кои раскажале дека истиот ден околу 9 часот околу шест лица се качиле на м.в. „Церипашина“ на Попова Шапка за да скијаат. Околу 13.10 часот скијале на м.в. „Казаниште“ и застанале да одморат, при што во безсознание паднал С.Ц. (61) од Германија.
Веднаш по радио врска бил известен сопственикот на еден угостителски објект, кој го пријавил случајот во ЦУК Скопје. Околу 15 часот на местото на настанот пристигнал хеликоптер на МВР, било подигнато повреденото лице и пренесено во болницата „Систина“ Скопје, каде била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.