Црна хроника
На граничниот премин Блаце откриени 68,5 кгр марихуана во вредност до 400.000 евра
Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер пронајдоа околу 68,5 килограми марихуана, чијашто вредност на уличниот црн пазар во Европа се проценува на 400 илјади евра
Во четвртокот, на 5-ти јануари околу 22:30 часот на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија било запрено комбинирано комбе, патничко-товарно со хрватски регистарски ознаки, управувано од лицето Б.К., хрватски државјанин. На прашање дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговорило дека нема ништо за пријавување.
При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, меѓу задните седишта и делот наменет за товар, пронајден е специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.
Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Албанија со намера истата да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната требал да добие парична награда
Цената на западноевропскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема.
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.