Црна хроника
Спроти Собрание натерале тинејџер да ја соблече јакната и му ја украле
Под закана со нож и со боксирач, еден тинејџер, бил ограбен во Скопје, спроти Собранието, кај паркот Жена борец, при што на минусни температури останал без јакна.
Имено, како што соопшти полицијата, во саботата таткото Ѓ.К. (46) од Скопје пријавил дека во петокот околу 21 часот во Скопје, во паркот „Жена борец“ две непознати лица извршиле разбојништво над неговиот шеснаесетгодишен син.
Додека неговиот син со другар се движеле во паркот, лицата со боксирач и нож почнале да му се закануваат дека физички ќе го нападнат доколку не ја соблече јакната.
Малолетникот ја соблекол јакната во која му бил и мобилниот телефон со слушалки.
Откако ја зеле јакната сторителите побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

