Црна хроника
Почина и вториот повреден од сабајлешната сообраќајка во скопски Аеродром
Две лица утрово загинаа при превртување на автомобил марка „хјундаи“ на раскрсницата на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ и булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром
Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога автомобилот утрово околу 06:20 часот излетал од коловозот, удрил во бетонските рабници и завршил во локален киоск.На местото на инцидентот починал Никола Димов, 26-годишен канадски државјанин, додека неговиот сопатник, 23 годишниот Владимир Малев бил пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите. Полицијата изврши увид на местото на инцидентот. Се работи на утврдување на причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.