Црна хроника
Грабнале малолетничка за да ја мажат
Маж и двајца малолетници киднапирале 14-годишно девојче завчера околу 15 часот, на автобуската постојка пред трговскиот центар „Бисер“, соопшти МВР.
Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето. Според нејзината пријава, девојчето било грабнато додека заедно со три другарки собирале пластични шишиња од контејнер.
Тројцата грабнувачи дошле и го внеле девојчето во такси возило и заминале во непознат правец.
Скопската полиција веднаш по пријавата почнала да го бара грабнатото девојче. Припадниците на единицата „алфа“ го нашле на улица „376“ во напуштена куќа во близина на Железничката станица во Скопје.
Триесет и двегодишниот маж го грабнал девојчето заедно двајца малолетници на возраст од 14 и 16 години и планирале да го омажат за шестнаесетгодишникот.
Го малтретирале девојчето во напуштена куќа и не го пуштале да си оди. Против грабнувачите ќе следува соодветена пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.