Црна хроника
Момчето што дивееше низ „Хиподром“ тврди дека го напаѓале оти бил муслиман
Скопјанецот Харис Бекири кој во март годинава со автоматска пушка пукаше низ скопската населба Хиподром и рани три лица, не се сеќава на пукањето и им се извини на сите што ги повредил.
Тврдеше дека биле мета на напад, што не му се случувало прв пат, бидејќи бил муслиман.
„Не се сеќавам на ништо и ако е точно тоа што стои во обвинението, длабоко им се извинувам на сите, тоа не сум јас, не се препознавам во тие постапки“ рече Бекири кој по националност е Бошњак.
Тој негираше дека автоматската пушка ја украл од полицаец вечерта на 31 кон 1 јануари и дека со неа пукал, неколку месеци подоцна. Таа вечер, тврдеше дека со татко му бил во станот кај неговите баба и дедо во населбата „Хиподром“, бидејќи на неговата баба и било лошо.
На 22 кон 23 март вечерта, кога се случи пукањето во Хиподром, Бекири бил кај сосед во „Хиподром“, каде што славеле Младенци.
Околу 23.30 часот си заминал од кај соседот во станот кај баба му, од каде зел ѓубре да го фрли во контејнер. Кога се симнал долу да го фрли ѓубрето, од десна страна од трговскиот центар доаѓало возило со многу голема брзина и лицата кои биле во него, почнале да пукаат кон него.
Харис почнал да бега и се сокрил позади зградата. Кога прекинало пукањето кон него, излегол пред зградата и на тревникот пред зграда, до шахта пронашол пушка која била фрлена. Ја зел пушката и почнал да бега, но потоа веќе не се сеќава на ништо.
Харис кратко се сеќава дека потоа се нашол пред интернет кафе во Инџиково, каде го нападнале многумина и го нападнале и турнале на земја. Веќе бил изнемоштен, под стрес, а претходно и пиел. Мислел дека тоа се истите луѓе кои пукале кон него, но кога се нашол во полициската станица бил среќен бидејќи луѓето што го турнале на земја биле полицајци.
„Не е прв пат некој да посегне по мојот живот. И претходно две лица ме нападнаа со пиштол на истото место, затоа што сум муслиман“ рече Харис во својот исказ.
Харис одговара за за обид за убиство, недозволено поседување на оружје и напад врз службено лице, a ќе одговара и за кражба на полициското оружје.
Пред судот се појавија и оштетените и сведоците кои потврдија дека Харис пукал кон нив.
Дваесетгодишното момче во март годинава пукаше каде ќе стигне, прво низ неговата населба, а потоа и во три возила што се движеле по автопатот Скопје- Куманово. Тој лично им се извини на оштетените и рече дека се кае. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.