Црна хроника
Фрлил молотов коктел пред амбасадата на САД во Скопје оти го изнервирал некој филм
Пијан скопјанец во четвртокот вечерта пред полноќ фрлил молотов коктел пред американската амбасада во Скопје, соопштуваат од МВР.
Фрлачот на молотовиот коктел се движел пешки на крстосницата кон амбасадата и на оддалеченост од 20 метри од амбасадата го фрлил „коктелот“ кон влезот на Амбасадата.Молотовиот коктел паднал на 14 метри од амбасадата и почнал да гори на асфалтот на улица „Самоилова“. Скопјанецот со трчање се качил во својот автомобил „југо“, но возејќи кон населбата Железара се удрил во „тојота карина“. Жената која што управувала со удрениот автомобил излегла и почнала да се расправа со скопјанецот кој имал повреда на левата страна на челото. Тој излегол од југото и почнал да се фали дека „ги запалил Американците“.На местото дошла Итна помош и го однела скопјанецот во Клиничкиот центар, од каде откако бил пуштен завршил во полициската станица „Кисела вода“.Станува збор за триесет и седумгодишен скопјанец на кого му бил измерен 1,59 промили алкохол во крвта. На полицајците им рекол дека го фрлил молотовиот коктел бидејќи бил изреволтиран од филм што го гледал на телевизија.„По пријавување на настанот, на местото излегоа полициски службеници од СВР-Скопје како и увидна екипа која на лице место пронајде и подигна: едно парче делумно опожарена ткаенина (коешто, најверојатно, било фитил од „молотовиот коктел“), како и повеќе парчиња од стаклено шише. Од возилото (во кое е пронајдена и една пластична канта, делумно полна, најверојатно, со бензин), подигнато е едно празно шише од пиво, со намотано парче ткаенина на отворот од шишето, со карактеристичен мирис на бензин и предадено е за понатамошно вештачење“ соопштуваат од МВР.Скопјанецот и е познат на МВР, како извршител на кражби./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.