Црна хроника
Ограбена обложувалница во Скопје, украдени 5.000 евра
Вооружен напаѓач ограбил една обложувалница во петокот вечерта во скопската населба Карпош, при што украл околу 300.000 денари (5.000 евра).
Инцидентот се случил околу 20,00 часот, во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во спортската обложувалница „Бет Сити Балкан“ лоцирана во ТЦ „Лептокарија“, каде од страна на маскиран и вооружен сторител извршено е разбојништво над вработените С.Н. (34) и М.С. (23) од Скопје. Сторителот откако влегол внатре заканувајќи се со пиштол од вработените побарал пари, по што откако одзел околу 300.000 денари го напуштил местото на настанот и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.