Црна хроника
Се уште не е познат мотивот за трагедијата во Кисела Вода
Се уште не е познат мотивот за трагедијата што се случи во неделата вечерта во скопската населба Кисела Вода, кога скопјанец ја уби вереницата и уште една жена, а потоа се застрела.
Во неделата вечерта околу 19 часот триесет и четиригодишниот Кирил Ристевски ја убил својата вереница, седум години помладата Виолета Талевска од Скопје.
Ја застрелал во главата со пиштол, во станот каде што живееле со неговата осумдесет и четиригодишна баба на улица „Ѓорѓи Димитров“. Токму бабата го пријавила случајот во полиција.
Околу 19.30 часот во автомобилот сопственост на Кирил, пронајдено е телото на уште една жена која исто така била застрелана во главата.
Жената која била најдена во автомобилот се уште не е идентификувана. Мртовото тело на убиецот било најдено во 23 часот во кругот на основното училиште „Круме Кепески“. Покрај неговото тело бил пронајден пиштол, којшто го поседувал со дозвола.
Полицијата изврши увид, а телата се предадени на обдукција. Мотивите за трагедијата не се познати, единствено се знае дека Кирил и Виолета во саботата правеле веридба./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.