Црна хроника
Откриени 34 мигранти и приведени шест шверцери во Лојане
Во големата полициска акција „Решето“ во кумановското село Лојане откриени се 34 мигранти од азиските и африканските земји меѓу кои Бангладеж, Пакистан, Алжир, Авганистан и уапсени се шест жители на селото кои ги сместувале мигрантите.
Според полицијата тие ги засолнувале мигрантите и им наплатувале по 10 евра од ден, за потребите на меѓународни организирани криминални групи кои вршат криумчарење мигрнати од Грција преку Македонија и Србија кон земјите на ЕУ.
„Мигрантите од страна на сопствениците на објектите биле прифаќани во зависност од потребата и договорот, односно или биле илегално префрлани преку државната граница или биле засолнувани одреден временски период, а за истото им било наплатувано по 10 евра од ден, со што жиетлите на Лојане вклучени во овој криминал се стекнувале со значителна противправна имотна корист“, велат од МВР.
Извршени се претреси во десет објекти, во шест се пронајдени мигранти, а во објектите каде што немало мигранти пронајдени се простории за сместување и престој на лица.
Пронајдени се две ловни пушки и два гасни пиштола, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Оперативната акција е во тек и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случаите како и откривање на други лица инволвирани во овој вид на криминална активност./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.