Црна хроника
Градоначалниците тврделе дека куршумите не се нивни
Градоначалникот на општина Благоевград, Атанас Камбитов ги посети двајцата приведени градоначалници на Виница и на Кочани, Емил Дончев и Ратко Димитровски.
Како што пренесува бугарската агенција Фокус , Камбитов изјавил дека, според она што му го кажале двајцата градоначалници, тие биле повикани како сведоци.
Димитровски и Дончев рекле дака најдените куршуми во касетата на автомобилот не биле нивни, туку на Бугарин кој ги купил и чиј бил автомобилот со кој се превезувале.
Бугарската агенција Фокус во четвртокот наутро јави дека градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски и на Виница, Емил Дончев, биле приведени синоќа околу 19.30 часот на бугарската граница со Македонија, на граничниот премин Станке Лисичково откако во автомобилот „ситроен“ со македонски регистерски таблици со кој се превезувале градоначалниците, откриени биле 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки куршуми, калибар 22.
Градоначалниците се враќале од средба на градоначалниците и бизнисмени којашто се одржа во Благоевград под мотот „Бизнис без граници“ чија цел е интензивирање на партнерските односи меѓу соседните општини.
Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со македонската амбасада во Софија, но сé уште нема официјално известување за овој случај./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.