Црна хроника
На Косово уапсен Лирим Јакупи Нацист по барање на македонската полиција
Лирим Јакупи Нацист, по кого македонската полиција трага со меѓународна потерница, во вторникот е уапсен на Косово пред затворот „Дубрава“ , откако требаше да биде ослободен, а по комплетирање на документацијaта тој треба да биде испорачан на македонските власти.
Како што пренесува новинската агенција на албански јазик INA, Лирим Јакупи познат по прекарот Нацист, е уапсен од страна на инспектори на европската мисија за помош во правосудството Еулекс, бил приведен веднаш пред влезот на затворот од кој требаше да излезе по одлежување на затворска казна.
Лирими Јакупи Нацист беше еден од најбараните меѓу албанските криминалци, а уапсен е во Приштина во 2010 година, три години откако на спектакуларен начин побегна од затворот Дубрава. Ткн Командант Нацист и уште седум затвореници побегнаа од затворот на 18 август 2007 година, откако почнале да пукаат кон стражарите, кои биле преокупирани одговарајќи на нападите од надворешната страна на ѕидините на тој затвор.
Јакупи и Рамадан Шити побегнаа во Македонија, каде во околината Тетово организираа група, наводно блиска со Албанската национална армија, се вооружија и се стационираа во село Бродец.
Во акција на македонските специјалци кон крајот на истата година под кондото име „Планинска бура“, убиени беа вкупно осум припадници на оваа група и беше запленета огромна количина оружје вклучувајќи и модерни противтенковски и противавионски проектили, а Јакупи беше ранет, но наводно успеа да побегне на Косово.
Во 2010 година македонската полиција, кај Блаце и кај Свиларе пронајде големи количества оружје и муниција, а во Свиларе во престрелка со полицијата загина близок соработник на Јакупи, кој во 2004 година му помогнал да побегне од станот во Тетово.
По расформирањето на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа чиј припадник беше, Јакупи побегна во Македонија, а во 2004 година заедно Агим Красниќи од Кондово се закануваа дека ќе го бомбардираат Скопје во времето на референдумот против новата територијална поделба на земјата.
Кон средината на 2009 година, истрага против Јакупи покренаа и српските власти, по сериите напади кај Бујановац и во Прешево, наведувајќи дека тој директно учествувал или праќал членови на својата група со минофрлачи да гаѓаат кон полицијата и да фрлаат бомби на станбена зграда во Прешево. Во два одвоени инцидента тогаш биле ранети четири лица, два припадника на полицијата и една жена и дете од албанска националност.
Јакупи се наоѓа на списокот бегалци по коишто трага македонската полиција, и тоа за повеќе кривични дела, меѓу кои и за споменатите настани во Кондово и во Бродец тетовско. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.