Црна хроника
Тригодишно девојче си го застрела двегодишното братче во САД
Трагедија во која тригодишно девојче од пушка го застрелало своето една година помало братче се случи во американското гратче Колеџ Ворд, во сојузната држава Јута, објавија во неделата официјални претставници на локалната полиција.
Според полицискиот извештај, на кој се повикуваат медиумите, девојченцето ја нашла пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.
Како што засега ѝ е познато на полицијата, кога девојчето се добрала до пушката таа не била наполнета. Како на детенцето му пошло од рака да го премести патронот од магацинот во цевката останува нејасно. Според полицијата, во времето на несреќата родителите биле во домот, но без надзор ги оставиле децата само неколку кобни минути. Засега нема покренато никакво обвинение во овој случај, а како што истакнуваат локалните медиуми, најверојатно инцидентот ќе биде заведен како несреќен случај.
Медиумите, исто така, потсетуваат дека пред две седмици слична несреќа се случи во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, кога двегодишно момченце случајно ја застрела својата 11-годишна сестра, од пиштол што го пронашло во спалната соба на родителите.
Се споменува и случајот од 4-ти април годинава, во градот Савана, во државата Џорџија, кога момченце чија возраст медиумите не успеаја да ја идентификуваат, исто така, случајно ја застрелало својата десетгодишна сестра. Според полициската истрага, девојката побарала од нејзиниот брат да го поддржи оружјето. Момченцето земало да проверува дали пиштолот е полн, и одненадеж истрелал од него. Куршумот ја погодил сестрата по име Тејлор во градите и таа починала пред да пристигне брзата помош. За време на несреќата родителите не биле во домот.
Последниот инцидент во САД во кој од детенце страда од огнено оружје за кој потсетуваат медиумите се одиграл на 9-ти септември 2013 година, во националниот парк Јелоустон, кога загина тригодишно девојченце. Тоа било оставено во шаторот без надзор од родителите кои во природниот резерват дошле на одмор, и почнало да чепка по работите во ранецот на татко си од каде го извадила пиштолот и о притиснала чкрапалото. Девојчето починало од здобиените повреди./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.