Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу „ауди“ и мопед во Скопје
Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Шуто Оризари“ и ул.„Бутелски венец“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(67) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.З.(57), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, Б.З.(54) од Скопје, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден возач на мопед: во него удрило возило и побегнало
Во СВР Скопје вчера во 08.40 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Прегазен 70-годишен пешак од Тетово
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 17.10 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(64) од с.Порој, удрило во пешакот Ф.С.(70) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ф.С., констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.