Црна хроника
Газдата на „Хотел Скопје“ наплатил хотелски резервации со фалс картици на странци
Сопственикот на „Хотел Скопје“ и неговиот син, кој работел како рецепционер од април до јуни минатата година со фалсификување платежни картички на странски државјани наплаќале наводни резервации на соби во „Хотел Скопје“ во Скопје.
„Пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист прибавиле на интернет банкарски податоци од вистински платежни картици, односно од носителите на странски платежни картици, со кои извршиле повеќе успешни трансакции на ПОС Терминалот во „Хотел Скопје“. Второпријавениот вработен како рецепционер во хотелот рачно ги внесувал броевите од картичките без присуство на картичката. На овој начин, двајцата пријавени, односно правното лице „МЕРАК БИЗНИС“ ДОО СКОПЈЕ извршиле 14 успешни нелегални трансакции во вредност од 1.312.819. денари“, соопштуваат од МВР.
По направената анализа на движењето на сметката на правното лице „Мерак бизнис“ како и по извршениот разговор со осомничените лица, било констатирано дека банкарските податоци наводно им биле испратени на нивната е-маил адреса при правење на резервација за соби.
Откако гостите кои резервирале соби за месец јуни, не се појавиле во хотелот, истите биле наплатени во целост според правилата на хотелот.
Иако по неколку денови пријавените биле известени дека се работи за картички кои се пријавени за злоупотребени, и биле информирани дека треба да ги вратат средствата, истите не постапиле по барањето на банките и средствата ги искористиле за свои цели, односно исплата на плати на вработени, исплата на кредити и камати по истите, плаќање на даноци итн.
Против сопственикот на хотелот е поднесена кривична пријава за „изработка и употреба на лажна платежна картичка“, а против неговиот син за помагање во делото./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.