Црна хроника
Прегазено петгодишно дете, повреден уште еден пешак во Гостивар и возач во Скопје
Двајца пешаци, меѓу кои едно петгодишно дете, и возач се тешко повредени во три сообраќајни несреќи што се случиле во саботата во Македонија.
Петгодишното дете било прегазено во саботата на пладне на улица „Јустинјан Први“ во Скопје. Автомобил „застава 101“, со којшто управувал четириесетгодишен скопјанец удрило во петгодишното дете.
Детето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во вид на фрактура на черепот и фрактура на левата нога.Повреденото дете е задржано на понатамошно лекување и не е во животна опасност.
Во Скопје се случила уште една сообраќајка во саботата вечерта околу 22 часот на крстосницата на улица „Иван Цанкар“ и улицата „Ацо Шопов“. Во несреќата се судриле автомобил „форд“ и „голф“, при што со фрактура на левата клучна коска се здобил триесет и едногодишниот возач на „фордот“.
Во Гостивар на улицата „Браќа Ѓиноски“ синоќа околу 21.45 часот бил прегазен четириесет и деветгодишен гостиварец.
Пешакот кој бил прегазен од страна на автомобил „голф“, управуван од педесет и едногодишен возач, се здобил со тешки повреди, пукнати три ребра на десната страна, а по интервенцијата бил пуштен на домашно лекување./крај/мф
Извор: Архива Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.